д-маноза

Маноза – во служба на здравјето на уринарниот тракт

Сте слушнале за маноза? Знаете што е, за што е корисна? – Ако одговоривте со „Не“, супер што го читате текстов! Ги одговараме најчестите прашања за манозата. За почеток, важно е да знаете дека манозата е во служба на здравјето на уринарниот тракт. Подолу имате многу повеќе корисни информации.

Често се користи како додаток на исхраната, ги засладува пијалоците, а и поволна е за здравјето. Ајде да дознаеме повеќе за овој едноставен јаглехидрат.

дманоза

Што е маноза?

Позната како Д-маноза, претставува едноставен шеќер, односно моносахарид. Природно е присутна во овошја, меѓу кои брусница и боровинка, како и други растенија и габи. Манозата постои во две форми, алфа и бета. Алфа формата е блага и слатка, додека бета формата е малку горчлива. Во природата, манозата е микс од двете форми, со што се добива шеќер со слатко-горчлив вкус.

Како едноставниот шеќер може да биде добар?

Манозата го подобрува здравјето на уринарниот тракт помагајќи да се одржува нормалната состојба на мочниот меур. Исто така, манозата помага за одржување на здравјето на мукозната површина на мочниот меур и го поддржува нормалното исфрлање на непотребни материи.

Дали манозата делува како сахароза кога е дигестирана?

Иако е едноставен шеќер, манозата се апсорбира во горниот дел од дигестивниот систем и тоа поспоро од повеќето едноставни шеќери. Манозата не се претвора во гликоген и не се складира во организмот. Одредена количина на маноза се апсорбира во крвотокот, и откако ќе помине низ бубрезите во мочниот меур, се излачува преку урината.

Дали манозата делува како антибиотик?

Манозата нема антибиотски својства и не делува против постоечките инфекции. Ако имате симптоми кои укажуваат на уринарна инфекција, посетете лекар.

Како да изберете квалитетен производ маноза?

Сега откако ги одговоривме најчестите прашања за манозата, сакате да ја користите во вид на додаток на исхраната? – Топло ви ја препорачуваме D-Mannose од NOW. Калориската вредност на D-Mannose е 4 калории на еден грам, што е исто како и другите јаглехидрати. D-Mannose од NOW е 100% чиста, природна, добиена од не-ГМ пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Манозата на NOW може да ја користат и вегани и вегетаријанци. Се препорачува да се земат 3 капсули, 1-3 пати дневно, со вода или незасладен сок.

Манозата може да ја нарачате од онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или да ја набавите во поголемите аптеки низ земјава.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: