маска за лице од квасец и лимон

Маска за лице од квасец и лимон

Негувајте се дома! Пробајте ја оваа природна маска за лице од квасец и лимон, кои се лесно достапни производи и ги има во сечија кујна, па може да се негуваме сите. Посебно е погодна за масна и комбинирана кожа на лицето. 

Голем број хранливи производи освен што имаат способност да ги задоволат основните базични потреби на организмот за непречено функционирање, исто така знаат да бидат од огромна корист за нашата убавина. Без разлика на тоа дали сме од машки или од женски пол, сите сакаме да имаме нежна и убава кожа. Токму затоа ви предлагаме да ја пробате оваа ефикасна домашна маска за нега на лицето.

маска за лице од квасец и лимон

Состојки:

  • 1 лажица квасец
  • 7-8 капки лимон.

Начин на подготовка:

  1. Во помал сад измешајте ги квасецот и лимонот, да се формира изедначена смеса.
  2. Лицето треба претходно да е измиено само со вода и избришано со крпа.
  3. Така припремената маска се нанесува на чисто и суво лице и се остава да стои околу 10 минути за да се исуши.
  4. На крај, лицето се мие со ладна вода.

Употреба:

Негата на лицето е многу важна доколку сакате да имате чиста и нежна кожа која ќе ве прави среќни. Одлично е што оваа маска од квасец и лимон е природна, евтина и посебно погодна за мрсна и комбинирана кожа на лицето. Квасецот овозможува кожата да се храни и да прима материи за здрав и свеж изглед, а лимоновиот сок ја затегнува кожата и овозможува чистење на порите со што помага во спречување на појава на акни и мозолчиња. Оптимална примена на оваа маска е еднаш неделно.

Сподели: