Напиток од банана за помал стомак 1

Напиток од банана за помал стомак

Постојат голем број жени, а исто толку и мажи кои многу силно посакуваат да се ослободат од стомачното масно ткиво. За постигнување на таа цел што полесно, споделуваме со вас делотворен и ефикасен напиток од банана. На многумина им помогнал, пробајте, може ќе ви помогне и вас!

Бананите се многу здраво овошје од повеќе причини. Прво, затоа што содржат висока количина на калиум, а исто така и содржат и други супстанции кои помагаат да се ослободиме од масните наслаги во телото, а посебно од стомакот. Рецептот за напитокот кој можете да го направите за полесно топење на масните наслаги е тука!

Напиток од банана за помал стомак 2

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 портокал
  • 1/2 шолја обезмастен јогурт
  • 1 лажица кокосово масло
  • малку ѓумбир во прав
  • 2 лажички ленено семе
  • 2 лажички сурутка во прав.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и оставете да се блендираат 1-2 минути, а потоа испијте ја смесата.
  2. Оваа количина на напиток од банана треба да ја пиете секој ден по еднас, а за неколку недели вашиот стомак ќе биде помал и со видно подобар изглед.

Ви препорачуваме да прочитате: Напиток од мед и цимет за слабеење.

Сподели: