Направете дома коцки од шеќер 1

Направете дома коцки од шеќер

Кога станува збор за шеќер, било тоа да се коцки од шеќер, шеќер во прав или кристална форма, тој е познат како една од многу посакуваните намирници, но и храна за која е задолжително да внимаваме во која количина го јадеме, а најдобро би било да го заамените со кафеав шеќер, мед или стевија.

Имајќи ја предвид неговата секојдневна употреба во разни јадења, десерти и напитоци, навистина мора да внимаваме на количината која ја внесуваме, а еден интересен начин е ако количината ја броиме во коцки. Ова интересно видео ќе ве научи нешто ново кое може да се изведи дома, а не е воопшто комплицирано. Следете ги  предложените неколку  чекори. Лесно е, ќе пробате и ве уверуваме дека ќе уживате во експериментот!

Состојки:

  • 1 голема чаша шеќер (или 1 шолја)
  • 3 лажички вода.

Подготовка:

  1. Во сад се ставаат шеќерот и водата, по штои добро се меша. Доколку сакате поголема доза, слободно зголемете ја дозата на состојките (како што е прикажано во примерот).
  2. Потоа ставете ја смесата во сад обложен со хартија за печење и израмнете ја со кујнски алат.
  3. Исечете ја на коцки и ставете ја во загреана рерна на 120 степени.
  4. Оставете така да се суши околу 60 минути, па откако ќе се олади околу 10 минути можете да ги формирате коцките шеќер.

Се надеваме дека ќе се забавувате и ќе уживате во домашно направените коцки од шеќер!

Ви предлагаме да прочитате: 10 невообичаени начини да употребите шеќер.

Сподели: