Направете снежни топки од конец за плетење 1

Направете снежни топки од конец за плетење

Може со нив да ја накитите елката, а може и да ви послужат како декорација преку целата година ако сакате дома да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Но, најубавото кај овие снежни топки е тоа што можете сами да си ги направите.

Постапката за изработка на снежните лампиони е едноставна и истата е прикажана и на видеото. На вас останува само да ги следите инструкциите и да го разубавите својот дом со овие интересни и светкави снежни топки.

Направете снежни топки од конец за плетење 2

Потребни материјали:

  • 1 пакување мали балони
  • конец за плетење
  • течен лепак
  • светки во прав.

Начин на изработка:

  1. Најпрво треба да ги надувате балоните до посакуваната големина на снежните топки.
  2. Потоа, едниот крај на конецот врзете го околу врвот на балонот.
  3. Откако ќе го врзите конецот, целиот балон намотајте го со него, но така што ќе бидат видливи дупки помеѓу намотките од конец.
  4. Во еден сад турете мала количина на лепак и разредете го со малку вода.
  5. Во вака подготвениот лепак ставете го балонот, така што цел конец ќе биде потопен во лепакот.
  6. Откако ќе го извадите балонот од лепакот, посипете го со светките во прав, за снежната топка да добие светликав магичен сјај.
  7. На крај, треба да бидете стрпливи, бидејќи на снежната топка и се потребни околу 24 часа за да се исуши.
  8. Отакако ќе се осигурате дека вашата снежна топка е потполно сува, едноставно рушете го балонот и извлечете го од неа.
  9. На топката закачете кукичка за лампиони или едноставно врзете конец и снежниот украс е спремен да ја краси вашата елка.

Ако сакате, може да погледнете и видео од изработката:

Ви препорачуваме да прочитате: Направете празнична тегла со снежна топка.

Сподели: