природни отстранувачи на шминка 1

Намирниците од кујната во улога на природни отстранувачи на шминка

Доколку ви се потрошило средството за чистење на лицето од шминката, а не можете да се сетите како да ја отстраните, ви предлагаме да ги разгледате следните неколку идеи. Во улога на козметички помошник, некои намирници од кујната можат да бидат одлични помошници и освен тоа природни отстранувачи на шминка!

Ќе се изненадите колку лесно достапни ни се. Еве за кои намирници станува збор.

природни отстранувачи на шминка 2

Краставица

Овој зеленчук има способност да ја исчисти кожата и да ги отвори порите како ни еден друг чистач за лице. Излупете ја краставицата, изрендајте ја или изгмечете ја додека добиете течна паста. Додајте малку вода и натопете чиста крпа во смесата, па нежно масирајте го лицето за да ја исчистите шминката. Ќе забележите дека вашата кожа станала мека. Нечистотиите од лицето, може да ги отстраните со сок од краставици и млеко( 1/4 шолја млеко и лажица сок од краставици). Смесата се користи како и секој друг отстранувач за шминка.

Природни масла

Маслиново, кокосово, јојоба маслото или пак масло од семенки од грозје или слатки бадеми, се идеални за отстранување на шминката околу очите и од очите. Може да ги употребувате за лицето и вратот, исто така. Покрај тоа што можете да ја отстраните маскарата, сенките, ајлајнерот, пудрата, природните масла ја негуваат вашата кожа, а со нив сте сигурни дека ја третирате вашата кожа со природни состојки. Измасирајте малку по лицето заедно со избраното масло и со помош на памучен тупфер отстранете го вишокот на маснотија.

Лимон

Како добар отстранувач се покажала и смесата направена со лимон. Измешајте еднакви количини на сок од лимон, пчелин восок и бадемово масло. Добро промешајте и како и во другите случаи нежно измасирајте го лицето, па по потреба избришете со памучен тупфер.

Алое вера е најдобар негувач од природата

Измешајте мала шолја алое вера гел со 1/2 шолја масло од јојоба. Нанесете ја оваа смеса на лицето со помош на памук и со нежно триење чистете го лицето од шминката.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно средство за отстранување на шминка.

Сподели: