чистење на кожата на лицето

Природни третмани за чистење на нормална и мрсна кожа

Времето е поладно, помалку излегуваме на прошетки, а повеќе време ни останува за домашни активности. Па, сега е идеален период за да си посветиме повеќе време за нега на лицето и телото. Ако имате нормална или мрсна кожа на лицето, и малку време пробајте ги третманите за чистење.

Повеќе не мора да трошите пари на скапи препарати и средства за чистење на лицето. Сѐ што ви е потребно за убава и негувана кожа сигурно веќе имате во вашата кујна. И што е најважно, природните третмани се целосно безбедни и нежни за кожата. А, сега ние имаме неколку рецепти за природни третмани за чистење на лицето прилагодени за нормална и мрсна кожа посебно. Па, пронајдете го оној кој најмногу и одговара на вашата кожа и заблескајте со убаво, чисто и негувано лице.

чистење на кожата

Природно средства за чистење на лице со нормален тип на кожа

Состојки:

  • ½ чаша јогурт
  • ½ излупена краставица со средна големина
  • 5 листови свежо нане.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки бленирајте ги со помош на блендер додека добиете паста со кремаста структура.
  2. Вака подготвената паста со врвовите на прстите втриете ја на лицето и оставете ја да делува околу 5 минути.
  3. Потоа, исплакнете ја од лицето со топла вода.

Природно средство за чистење на лице со мрсна кожа

Состојки:

  • ½ чаша овесни снегулки
  • ¼ чаша свежо цеден сок од лимон
  • ¼ чаша вода
  • ½ лажица мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Сите состојки добро изблендирајте ги се додека се изедначат.
  2. Вака подготвената смеса втријте ја на лицето и оставете ја да делува само 30 секунди.
  3. Потоа, отстранете ја од лицето така што ќе се измиете со топла вода.

Ви предлагаме да прочитате: 4 начини за природен пилинг на лице во домашни услови.

Сподели: