Сет за куглање од пластични шишиња   

Нов и креативен „направи сам“ проект за сите љубители на забавата! Искористете ги старите шишиња и направете сет за куглање, кој најмногу ќе им се допадне на децата.

Наместо кугла искористете гумена топка и забавата е гарантирана! Следете ги инструкциите и погледнете го краткото видео. А ако сте љубител на овие проекти, ви предлагаме да погледнете:

Како да направите сет за куглање од пластични шишиња?

Најважно е да имате најмалку 6 пластични шишиња на располагање, било тоа да се мали и поголеми. Освен нив потребно ќе ви биде:

  • темпери бои
  • четче за боење
  • лепило или силиконски пиштол
  • потврда хартија за капи
  • ножица
  • црн маркер.

Постапка:

  1. Секое пластично шише обојте го во бела боја и оставете ги да се исушат.
  2. Со помош на маркер, во горниот дел на шишето исцртајте очи и уста.
  3. Потоа со зелена боја нацртајте палто, а со светло зелена боја пантолони.
  4. Горниот дел на шишето обојте го со портокалова боја.
  5. Со маркерот исцртајте копчиња. Повторно оставете шишињата да се исушат.
  6. Од хартијата исечете капи. Со лепило или силиконски пиштол залепете ги врз капачето. Со тоа вашиот сет за куглање е готов. Ако сакате во шишињата може да ставите вода или песок.

Ви предлагаме да прочитате: Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина.

Сподели: