Декоративни свеќници од тиква

Ако имате есенски декоративни тикви на располагање, време е да се вклучите во овој креативен „направи сам“ проект. Наместо да собираат прашина или пак да ги фрлите, може да ги искористите мудро и да направите уникатни свеќници од тиква.

Постапката за изработка на декоративните свеќници е едноставна и истата е прикажана и на видеото. На вас останува само да ги следите инструкциите и да го разубавите својот дом со несекојдневен свеќник.

Како да направите декоративни свеќници од тиква?

Пред да започнете, проверете дали ги имате на располагање следните материјали:

  • тикви
  • лепило
  • четка за лепило
  • светкава прашина
  • дупчалка или пак метална кружна форма за колачи
  • свеќи.

Начин на изработка на декоративните свеќници од тиква:

  1. Добро измијте ја тиквата, а потоа пребришете ја.
  2. Со помош на дупчалка или пак кружна форма за сечење на колачи, направете отвор во форма на круг, во горниот дел на тиквата, каде што се наоѓа дршката.
  3. Кругот кој што ќе го издлабите треба да биде малку поголем од свеќата. Ако отворот е поголем или пак подлабок од свеќата, може да користите алуминиумска фолија. Едноставно соберете ја и прилагодете ја во зависност од големината на свеќата.
  4. Со помош на четката нанесете лепило врз тиквата. Потоа, ставете ја светкавата прашина. За да не се растури прашината низ вашиот дом, пред да започнете како подлога поставете стар весник.
  5. Вака декорираните тикви оставете ги да се исушат, а потоа во внатрешноста ставете свеќа. Уникатниот декоративен свеќник од тиква, поставете го на посакуваното место.

Ви предлагаме да прочитате: Направете новогодишен свеќник со стапчиња цимет.

Сподели: