pumpkin spice 1

Нов зимски тренд: „Pumpkin spice“ – мешавина од зачини за тиква

Време е за нешто ново, да дознаеме и откриеме нов вкус! Сте пробале ли до сега „pumpkin spice“ зачин? Можете ли да претпоставите за каква мешавина станува збор? – Тоа е зачин кој е составен од цимет, морско оревче, ѓумбир и каранфилче. Особено е интересен за есенскиот и зимскиот период. Ќе ви го направи посебно уживањето во зимските десерти и рецептите со тиква.

Може да се каже дека трендот на „pumpkin spice“ зачинот започнал од американскиот континент. Имајќи предвид колку е убава неговата арома заради комбинацијата на овие 4 зачини, станал популарен насекаде во светот. Првично, оваа мешавина од зачини била употребувана за зачинување на питите од тиква. Па, оттука доаѓа името „pumpkin spice“. Се среќава во различни рецепти како што се  пити, кафе лате, разни топли напитоци коишто ја карактеризираат зимата и го прават тој карактеристичен мирис препознатлив за неа. Важно е да споменеме дека оваа мешавина од зачини има сладок вкус и е вистинско уживање. Притоа, ако претерате со количината, јадењето може да добие вкус кој малку нагорчува, па препорачуваме умерена употреба за највкусен ефект.

pumpkin spice 2

За што се употребуваат и кои се придобивките од зачините во составот на „pumpkin spice“?

Како што спомнавме и претходно, карактеристичниот мирис на овој зачин доаѓа од зачинската мешавина на циметот, морското оревче, ѓумбирот и каранфилчето. Од тука, сметаме дека е корисно да издвоиме по неколку карактеристики и корисни информации за секој од овие зачини.

Цимет

Циметот е зачин со пријатен вкус и мирис. Најчесто се користи во торти, колачи и други благи печива, како и во топло чоколадо, варено вино, кафе, салеп. Помага во борбата со дијабетес тип 2 и го регулира и нивото на холестерол. Циметот исто така штити од настинки, ги зајакнува коските, ја намалува мачнината и помага при повраќање.

Морско оревче

Ова е еден од омилените божиќни зачини кои воодушевуваат со својата арома и вкус. Мускатното оревче совршено се вклопува во различни солени и слатки јадења, чаеви, а е одлично за здравјето ако се користи во мали количини.

Ѓумбир

Ѓумбирот има карактеристичен остар вкус, па затоа одлично се вклопува во сите чорби и манџи, но може да се користи и како зачин во некои колачи и десерти. Совршено го нагласува вкусот на тиквата. Составен дел е од разни компоти, ликери, колачи, јадења од морков, тиква и батат, чаеви и друго. Го подобрува имунитетот, а и целокупното здравје, има загревачки ефект, па затоа е ефикасен против настинки. Ѓумбирот ја забрзува борбата против инфекциите.

Каранфилче

Каранфилчето има антивоспалителни и антибактериски својства. Освен тоа, претставува одличен антиоксиданс, го јакне имунитетот и го штити здравјето на срцето. Се користи во многу јадења, како и во варено вино. Помага при дишни проблеми, го подобрува варењето на храната, ефикасно е при забоболка, штити од воспаленија.

Може да ве интересира: 3 омилени зимски зачини кои го чуваат здравјето.

А, знаете ли што е најдобро?

Одлично е што овој зачин веќе може да си го направиме и сами дома. Богатата палета на Рајска Градина е тука за нас и ни обезбедува разни доживувања од светот. Да уживаме оваа зима во новиот и уникатен вкус на „pumpkin spice“ мешавината од зачини. Сите зачини може да ги набавиме од поголемите маркети низ земјава. Овие четири и сите други зачини на Рајска Градина може да ги погледнете од богатата зачинска палета. Посетете ја нивната веб страна или фан страна на Facebook и разгледајте ги сите производи кои ги нудат. Вкусни, здрави и идеални за секое јадење!

Ви препорачуваме да прочитате: Празнично варено вино со портокал и зачини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: