vareno vino so morsko orevce 1

Празнично варено вино со портокал и зачини

Магијата на новогодишните празници е насекаде помеѓу нас. Го разубавува секое дружење, стандардните собиранки стануваат поинтересни, а дегустацијата на вкусно и ароматично варено вино нѐ изостанува. Ладните денови се совршени за овој напиток. А, бидејќи ние многу добро го знаеме тоа, ви предлагаме да го пробате нашиот најнов омилен рецепт од последниве недели. Уживајте исто како и ние, во најдоброто празнично варено вино! 

Традицијата за подготовка на варено вино потекнува некаде од северниот дел на Европа, а се верува дека таа титула и припаѓа на Шведска. Консумацијата на вака приготвеното вино започнала токму таму и преку Римското царство се раширила и во останатите краеви на европскиот континент, па и светот. Месеците во кои се консумира најголеми количини на варено вино се од ноември, па некаде до февруари. Штом залади, се знае, време е за ароматично уживање со одбрано друштво.

vareno vino so morsko orevce 2

А, ако сакате да ги изненадите своите пријатели или партнерот, набавете ги овие неколку зачини од проверената палета на Рајска градина и испробајте го нашиот рецепт. Токму кај нив го најдовме „јунакот“ на оваа вкусно ароматична приказна – морското оревче, кое на вареното вино му даде посебна и впечатлива арома.

vareno vino so morsko orevce 3

Состојки:

За сервирање и декорирање:

  • тацна со салфетка
  • кругови портокал по потреба
  • стапчиња цимет по потреба
  • каранфилчиња по желба.

Подготовка:

  1. Во сад на тивок оган најпрво ставете ги виното и водата.
  2. Во длабока чинија измешајте ги меленото морско оревче, циметот во прав, меленото каранфилче и шеќерот.
  3. Земете еден портокал и исечете го на потенки кругови. Круговите портокал додајте ги во садот со виното. Вториот портокал исцедете го. Сокот од портокалот додајте го во садот со виното.
  4. Кога температурата ќе наближи до точка на вриење, додајте ја мешавината од зачините и шеќерот. Убаво измешајте.
  5. Варете кратко 7-10 минути, а потоа оставете го вареното вино да стои поклопено уште 10 минути. Процедете го виното низ цедалка и уживајте во неговиот вкус. За сервирање, препорачуваме стаклени чаши послужени во тацна со салфетка, а за декорација може да користите некои од зачините или додатоците во виното. Ние избравме едноставна декорација од кругови портокал и стапчиња цимет и неколку каранфилчиња, па топлата празнична атмосфера се надополни и тоа како! Нека ви е на здравје и нека ви се среќни празниците!
vareno vino so morsko orevce 4

Ви препорачуваме да прочитате: Есенска пита со јаболка и цимет – брза и без миксер.

*Комерцијален рецепт

Сподели: