Оваа есенска пита со јаболка и цимет е една од нашите омилени во последниот период! Сочна е, и тоа многу. Количината на шеќер е минимална, а не е потребен ни миксер. Потсетува на слатка пита, како редена од палачинки. Вкусот и е уникатен, а аромата, баш за уживање!
Рецептот настана многу спонтано, во една релаксирана вечер, кога сакавме набрзина да се засладиме, а при тоа да не трошиме многу време, ни труд. Оттогаш, го запишавме и стана традиционално есенско уживање во нашето друштво, сите ја обожаваат. Јаболката и циметот се комбинација без грешка, па знаевме дека ќе биде добра. Како и разни други зачини, циметот со задоволство го набавуваме од проверената палета на Рајска градина, природен е и без ГМО, а достапен е во вид на ќесичка и тегличка, па препорачуваме да го пробате.



Состојки:
За редење и поросување:
- 3 средно големи јаболка
- ½ лажица цимет за поросување од Рајска градина
- 1½ лажица афионово семе.
Течна смеса:
- 4 јајца
- 1½ чаша млеко
- 3 лажици масло.
Сува смеса:
- 1 чаша брашно
- ½ чаша густин
- 4 лажици шеќер
- 1 лажица цимет од Рајска градина
- 1 ќесичка ванилин шеќер (8 грама)
- ½ ќесичка прашок за печиво (5-6 грама).
Подготовка:
- Тавата обложете ја со хартија за печење. Препорачуваме тавата да биде со големина 26 или максимум 28.
- Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 230 степени.
- Јаболката добро се мијат, се лупат и се сечат прво на половина. Потоа, секоја половина се сечи на кришки. Кришките се редат во претходно припремената тава, по целата површина.
- Врз наредените кришки поросете прво со циметот, а потоа со афионовото семе.
- Во сад измешајте ги сувите состојки.
- Во друг, поголем сад, со виљушка или жица за матење, измешајте ги течните состојки.
- Во садот со течната смеса, со постепено со мешање додајте ја сувата смеса. Откако добро се соединиле состојките, смесата за колачот ставете ја над јаболката и порамнете со лажица. Јаболката ќе се поткренат од дното на површината и тоа е нормално.
- Намалете ја температурата на рерната на 200 степени и ставете ја питата да се печи околу 20-25 минути, зависно од рерната.
- Потоа, последните 10 минути, повторно зголемете ја температурата на 220 степени, за питата да добие убава боја.
- На крај, питата се остава во исклучената рерна уште 5 минути и се вади од неа, па се покрива со кујнска крпа. На здравје!


Ви препорачуваме да прочитате: Со чај од нане до полесно слабеење! – Еве како помага за витка линија.
*Комерцијален рецепт.