Спирулина - природен начин за решавање на проблемите со кожата

Спирулина – храна од природата за решавање на проблемите со кожата

Доколку сте во потрага по природен начин за решавање на проблемите со кожата, тогаш спирулината е вистинскиот избор за вас! Таа ги содржи сите основни хранливи материи за кожата и тоа во многу поголеми количини од било кој друг вид на храна. Одлично е што има неверојатна стапка на сварливост и искористливост, и тоа дури до 95%, во споредба со 15-те проценти на другите видови на храна. Топло препорачуваме да ја вклучите во вашата исхрана и да ги користите нејзините бројни благодети!

Спирулината важи за супер храна која во последниве години стана особено популарна поради бројните здравствени придобивки. Оваа сино-зелена алга содржи многу хранливи состојки, амино киселини, витамини, минерали и протеини кои се од клучна важност за здрава и негувана кожа. Помага во детоксикацијата на телото од тешки метали, а превенира и појава на кандида. Многу научни истражувања дојдоа до заклучок дека не постои ниту една друга храна која по својата хранливост може да се спореди со спирулината. Покрај тоа, таа е целосно безбедна доколку се консумира и во поголеми количини, бидејќи не содржи штетни состојки. А во продолжение, дознајте зошто исхраната богата со спирулина е толку корисна за кожата.

Спирулина - природен начин за решавање на проблемите со кожата

Спирулината содржи повеќе бета каротен од било која друга храна на планетата

Сите знаеме дека витаминот А, кој уште е познат и како ретинол, е клучен за здрава и негувана кожа. Претходник на витаминот А е бета каротенот, кој во спирулината е за 10 пати поконцентриран отколку во морковите.

Спирулината е одличен вегетаријански извор на витаминот Б12

Иако многу луѓе се одрекуваат од вегетаријанскиот начин на исхрана, баш поради тоа што се верува дека единствен извор на витаминот Б12 е црвеното месо, спирулината содржи 5 пати повеќе Б12 отколку говедското месо. Овој витамин се користи за третман на псоријаза и дерматитис. Го намалува воспалението и црвенилото на кожата. Затоа, внесот на доволна количина на овој витамин е од клучна важност за здрава и негувана кожа. Се проценува дека 10% од целокупната популација има дефицит од Б12, што не би било случај доколку во исхраната се вклучи спирулината.

Спирулината содржи есенцијални киселини и фолна киселина кои се клучни за добра пигментација и тен на кожата

Спирулината ја содржи есенцијалната аминокиселина тирозин, која е вклучена во правилното обојување на кожата. Исто така, содржи и пристојни количини на фолна киселина, која е од витално значење за правилно формирање на хемоглобинот. Недостатокот на фолна киселина може да доведе до појава на пигментација на кожата.

Спирулината е добар извор на цинк, линоленска и арахидонска киселина

Спирулината изобилува со големи количини на цинк кој е неопходен за добро здравје на кожата. Најдоброто кај спирулината е тоа што, таа иако содржи голем број на хранливи материи, речиси и да нема јаглехидрати и масти. Содржи и линоленска и арахидонска киселина кои се вклучени во процесот на дишење на клетките и транспортот на кислородот низ крвотокот. Затоа, овие киселини се од витално значење за здравјето на кожата.

Наша препорака:

Ние секогаш избираме Hawaiian Spirulina која поминува низ серија на тестови за квалитет за да обезбеди супериорна нутриција и чистота. Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

спирулина

Дозирање и начин на употреба

Консумирајте по 3-6 таблети дневно или 1 кафена лажичка спирулина во прав измешана со џус од овошје или зеленчук, или додадена во храна, со или помеѓу оброци. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци. Ако ја земате редовно ќе забележите промена во енергијата за само неколку недели.

А доколку имате други прашања во врска со консумирањето на Hawaiian Spirulina, слободно пратете ни меил на: info@sezahrana.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Сакате здрава кожа без егзема на рацете? – Преземете мерки!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: