намирници против бронхитис

Топ 3 природни намирници кои помагаат при бронхитис

Ладното време е сојузник на настинката и грипот. Последните денови грипот зема се поголем замав и треба да преземеме мерки за да се заштитиме. Затоа, посветуваме време и внимание на намирниците кои го чуваат нашето здравје и ја подобруваат состојбата при грип, настинка и бронхитис. Консумирајте ги често и бидете здрави и во најладните денови.

Бронхитисот е прилично сериозна здравствена состојба која не треба да се занемари. Настанува како резултат на воспаление на бронхијалните туби на белите дробови. Постојат два типови на бронхитис: хроничен и акутен. Акутниот бронхитис трае пократко, а еден од главните симптоми е воспалените на грлото и дишникот. За разлика од него, хроничниот бронхитис трае подолго, а често се воспалени и синусите. Со соодветна терапија препишана од лекар и консумација на намирници кои помагаат при бронхитис може да се излечи успешно, но лошите навики како што е пушењето и прекумерната консумација на алкохол го забавуваат процесот на лекување.

намирници против бронхитис

Природни намирници кои помагаат при бронхитис

Ако патите од бронхитис, пробајте ги народните „лекови“ за кои многумина тврдат дека се ефикасни. Бронхи мед, сок од црвен кромид, ѓумбир… сите намирници се ваши сојузници за подобро здравје!

Бронхи мед – мед збогатен со прополис

Највкусниот мед е од нашата медена земја! Бронхи медот е збогатен со прополис и помага при бронхитис и за прочистување на белите дробови. Може да се користи за превенција и подобрување на симптомите при болест. Бронхи медот од Рес-Ком може да го набавите во поголемите маркети низ земјата, аптеките Виола и билна аптека Матија. Се препорачува да се консумира по една лажица секој ден.

Сок од црвен кромид

Кромидот е силен борец против бронхитис, а тоа се должи на состојките кои ги содржи во својот состав. Благодарение на тоа помага за разредување на шлајмот, а спречува и формирање на нов. На утро, испијте една лажица сок од црвен кромид. Постапката повторувајте ја неколку денови по ред, додека состојбата се подобри.

Ѓумбир, црн пипер и каранфилче

Ѓумбирот важи за една од најздравите намирници на светот која помага за лекување на бронхитисот во комбинација со црн пипер и каранфилче. Изрендајте го ѓумбирот, а сокот процедете го. Сокот измешајте го со еднаков дел од мелен црн пипер и каранфилче во прав. Оваа мешавина може да ја ставите во чај или да ја измешате со мед. Земајте ја 2 до 3 пати на ден во зависност од состојбата. Многумина велат дека ова е еден од најдобрите домашни лекови за бронхитис кој помага за ублажување на симптомите, ја намалува покачената телесна температура и го забрзува метаболизмот.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: