Трик да го исчистите калапот за мафини 1

Трик да го исчистите калапот за мафини

И покрај сите напори да се зачува исправноста и чистотата, понекогаш е многу тешко да се исчисти калапот за мафини, а со овој трик се надеваме дека таа задача ќе можете да ја извршувате многу полесно.

Ако при припремата на мафините или солените проички и покрај тоа што користите хартиени корпички ви се случува дел од смесата да ви се залепи на калапот, при миењето поради формата на калапот може да се појави проблем за темелно чистење. Со овој трик ќе успеете доста лесно да го исчистите калапот за мафини и тоа без употреба на хемикалии.

Трик да го исчистите калапот за мафини 2

Следете ги следните чекори да го исчистите калапот за мафини:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  2. Во меѓувреме разматете 2 лажици сода бикарбона во литар топла вода и добро промешајте додека содата убаво се раствори.
  3. Течноста турете ја во вдлабнатините на калапот за мафини, а потоа така наполнетиот калап ставете го во загреаната рерна околу 20 минути.
  4. Извадете го калапот од рерна и почекајте течноста да се излади. На крај, измијте го со детергент за садови. Ќе видите дека дамките ќе се отстрануваат лесно.

Сподели: