велигденски брзи мафини со чоколадо

Од кујната на Марија Кочовска: Брзи велигденски мафини со чоколадо – без миксер

Толку се вкусни, што веднаш мора да ги направиш! Фантазија од вкусови за среќни празници. Најдобро од сѐ е тоа што се прават без миксер и за 10-тина минути ќе имаш совршен десерт. Мој предлог за овие празници се брзите велигденски мафини со чоколадо. 

Моите пријатели од Витаминка, ме изненадија и ми испратија велигденско пакетче со нивната слатка палета – весели јајца, новите Happy чоколада, шлаг пена, ванилин шеќер, печиво… и ме предизвикаа да зготвам нешто вкусно. Веселите јајца и Happy темното чоколадо ги искористив за овие мафини кои ја имаат оцената 10+.  

велигденски мафини со автор

Состојки:

За декорација:

брзи велигденски мафини со зајаче

Подготовка:

  1. Темното чоколадо исечајте го. 
  2. Во длабок сад ставете ги брашно, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и содата. Измешајте ги со жица за матење. Додајте го сечканото чоколадо и измешајте. 
  3. Во друг длабок сад ставете го растопениот путер, шеќерот, јајцата и млекото. Измешајте ги со жица за матење. 
  4. Во садот со брашното, постепено додавајте ја смесата со млекото. Измешајте за да се соединат состојките. 
  5. Во калап за мафини ставете хартиени или силиконски кошнички. Ставете ја смесата. 
  6. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 5 минути, а потоа намалете ја температурата и продолжете со печењето уште 12-15 минути. Мафините оставете ги да се изладат. 
  7. Во сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте го млекото. Изматете со миксер за време од 3-4 минути. Со готварски шприц формирајте гнезда. Ставете по 3 весели јајца и декорајте со рендано чоколадо. А може да направите и зајачиња. Врз мафините ставете шлаг пена, а потоа кокос. Манчмелоуто исечете го на половина за да добиете форма на уши за зајачето. Поставете ги „ушите“, очи, од фондан исечете круг за носето и поставете го, а чоколадни шеќерни трошки искористете како мустаќи. Постапката за декорација, погледни ја на видеото:  https://www.instagram.com/p/CrBTwYVA03B/ Среќни празници!
велигденски мафини

Совети плус:

  • Наведената количина е за 12 мафини. 
  • Јас ги направив со 3/4 чаши шеќер, а ако сте љубител на поблаги вкусови, ставете 1 чаша шеќер.
  • Ако имаш прашања за подготовката или ти требаат идеи за велигденски рецепти, посети ги моите профили на Instagram – @kocovska.marija и Facebook – Марија Кочовска, пиши ми и заследи ме. 
  • А за крај те предизвикувам за да освоиш подарок! Направи го твојот омилен десерт со слатката палета на производи од Витаминка и учествувај за пакет производи. Може да учествуваш тука:

За велигденските празници ти препорачувам да ги испробаш и следните рецепти:

*Рецептот е овозможен од Витаминка.

Сподели: