ладно чоколадно кафе

Чоколадно ладно кафе

Лето, топло време и освежително ладно кафе со неодолива арома на богат чоколаден крем! Звучи примамливо, зарем не? Време е за ново гурманско задоволство и паметење на летово со нашиот нов рецепт за чоколадно ладно кафе.

Ветуваме одличен вкус и моменти за уживање со пријателите. Подготовката е едноставна и само минута ве дели од чоколадното уживање. А за комплетно задоволство, ладното кафе послужете го со чоколаден десерт по ваш избор.

ладно чоколадно кафе

Состојки:

  • 2 чаши ладно млеко
  • 2-3 лажици какао крем
  • 2 мали лажички инстант кафе
  • ½ ќесичка ванилин шеќер
  • чоколаден прелив за сервирање
  • 4-6 коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги млекото, инстант кафето, кремот и ванилиниот шеќер. Блендирајте ги додека добиете хомогена смеса. Доколку немате блендер, може да користите и шејкер за кафе.
  2. Во 2 чаши ставете чоколаден прелив и неколку коцки мраз.
  3. Потоа, во чашите ставете го чоколадното ладно кафе. По желба дополнете со млеко и не заборавајте да уживате!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од кафе.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: