Што се случува во организмот кога пиете газирани пијалаци?

Сигурно сте слушнале дека газираните пијалаци често се критикувани од нутриционистите. Сепак тие се лесно достапни во секој маркет, па луѓето често ги консумираат. Затоа, пред да се одлучите да пиете газирани пијалаци имајте ги во предвид следните факти:

Ако сакате да ги намалите килограмите ограничете ја консумацијата на газирани сокови

Диеталните газирани пијалаци често ги консумираат лицата кои се на диета и сакаат да го намалат вишокот на килограми, но резултатите можат да бидат далеку од посакуваните. Лицата кои секојдневно пијат два или повеќе диетални газирани пијалаци имаат поголем обем на струкот од оние кои воопшто не пијат вакви пијалаци. Нутриционистите сметаат дека газираните сокови предизвикуваат дебелина не само поради калориите од шеќерот кој го има во големи количини во нив, туку и поради верижната метаболна акција, која ги блокира другите природни потреби на организмот за хранливи материи.

Газираните сокови го исцрпуваат организмот 

Кога можете да изберете помеѓу газиран пијалак и свежо цеден сок, секогаш изберете ја чашата полна со витамини. Газираните сокови се богати со фосфорна киселина која во организамот ги намалува витамините и минералите, особено калциумот и магнезиумот. Покрај тоа, високата концентрација на натриум карбонат која ја има во газираните пијалаци, влијае за намалување на чувството за потреба од млеко, па лицата кои често ги консумираат скоро не го внесуваат млекото во организмот. Секако, тоа може да доведе до сериозно намалување на нивото на калциумот во организмот, па дури и да доведе и до некои посериозни преметувања.

газирани пијалаци

Наместо диетални газирани сокови пијте свежо цедени сокови без додаден шеќер

Следен пат штом ви се припие газиран сок, добро прочитајте ја етикетата. Многу од газираните пијалаци содржат вештачки засладувачи кои се 200-300 пати послатки од обичниот шеќер. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на диеталните пијалаци може да доведе до зголемен ризик од канцер. Адитивите и вештачките бои, кои се составен дел на овие пијалаци, се штетни за чувствителната слузница на желудникот и цревата, а некои од нив се и канцерогени.

Ако имате проблеми со срцето или бубрезите не консумирајте газирани сокови

Внесувањето на големи количини на газирани пијалаци кои содржат многу шеќер и кофеин може да предизвика драстичен пад на концентрацијата на калиум во крвта, односно состојба позната како хипокалемија, која може да предизвика проблеми во работата на срцето. Најновите истражувања тврдат дека жените кои дневно пијат две или повеќе лименки со газирани пијалаци имаат значително зголемен ризик од бубрежни заболувања.

Здрави замени на газираните пијалаци

Причините за да ја ограничите консумацијата на газираните засладени сокови се многубројни, па затоа ви предлагаме да ги замените со:

  • Водата е најдобра замена за газираните пијалаци. Таа нема калории, не содржи шеќер, освежува и е основа за добро здравје. За подобар вкус во водата додајте цитрусно овошје, како лимон, портокал, грејпфрут или нане и ѓумбир.
  • Млекото е богат извор на калциум, а не содржи додадени шеќери.
  • Растителните чаеви имаат смирувачко дејство, а при изборот секогаш изберете чај кој не содржи кофеин. Пример, зелениот и црниот чај, кои имаат значителни здравствени квалитети – го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, го зајакнуваат имунолошкиот систем и штитат од проблеми со меморијата, дијабетес.

Текстот го испрати: Маја Долеска

Сподели: