Која е разликата меѓу сода бикарбона и прашок за печиво?

Најверојатно ви се случило при подготовка на јадење, во рецепт да се користи прашок за печење, а вие да имате само сода бикарбона или обратно. Знаеме дека двете се користат за слична намена при подготовка на колачи и торти, па која е разликата меѓу сода бикарбона и прашок за печиво? Има мали кулинарски тајни кои вреди да се знаат, а ние сме тука да ви помогнеме за да станете експерти во вашата кујна!

Како делува содата бикарбона за нараснување на колачите и тортите?

Иако многу наликуваат и се користат за слични намени, содата бикарбона и прашокот за печиво се разликуваат по хемискиот состав. Содата бикарбона е база, па така често се додава во јадења кои имаат кисели состојки како лимон, киселина, јогурт или матеница. Во контакт со содата, киселината од овие намирници делува така што започнува хемиски процес, во кој се создаваат меурчиња, а тестото или смесата започнува да нараснува.

разлика меѓу прашок за печиво и сода бикарбона

Дали знаете дека прашокот за печиво има двојно дејство при додавање во колачи и торти? 

Прашокот за печиво е посебна смеса од сода бикрабона и сува киселина, а понекогаш во неговиот состав се додава и густин. Најголем дел од прашоците за печиво кои се наоѓаат на пазарот имаат двојно дејство. Така некои почнуваат да делуваат штом дојдат во контакт со вода, а преостанатото дејство се случува кога смесата во која сме додале прашок за печиво, започне да се загрева.

Имате прашок за печиво, а во рецептот се бара сода бикарбона?

Ако во рецептот се користи сода бикарбона, а вие имате само прашок за печиво, не се откажувајте. За да го постигнете истиот ефект, наместо сода бикрабона додајте 2 до 3 пати повеќе прашок за печиво. Притоа, треба да имате во предвид дека храната може да има јак мирис на прашокот за печиво.

Како да користите сода бикарбона наместо прашок за печиво?

Доколку на располагање имате само сода бикарбона, зголемете ја количината на кисели состојки за да може да ја активирате содата. Со оглед на тоа што содата е речиси три пати појака од прашокот за печиво, морате да водите сметка и да ставите малку сода. Во рецептот може да додадете мала лажичка киселина или сок од лимон, на секоја половина лажичка сода бикарбона. А, следен пат штом правите колачи, пробајте ја новата сода бикарбона без алуминиум од Витаминка. Исто така, дознајте ги корисните препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации

Сода бикарбона без алуминиум - лесно достапен народен лек 3

Совети плус:

При подготовката на колачи и торти секогаш избираме намирници од квалитетни и македонски брендови. Можеме да го препорачаме прашокот за печиво и содата бикарбона на Витаминка, со кои резулатите ќе бидат загарантирани, секако доколку внимателно го следите рецептот. Наши омилени десерти приготвени со прашокот за печиво на Витаминка се:

Рокот на траење на сода бикарбоната и прашокот за печиво зависи од начинот на чување. Меѓутоа, прашокот за печиво побрзо се расипува, односно ги губи својствата во рок од три месеци до година дена. Содата бикарбона и прашокот за печиво чувајте ги на суво и темно место, заштитени од влага.

Ви предлагаме да прочитате: Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек.

*Комерцијален текст

Сподели: