Како да правите разлика помеѓу ковид и пролетните алергии?

Во последните две години светот се соочува со пандемија на коронавирусот кој ги напаѓа дишните патишта. Со оглед на тоа дека сите сме веќе запознаени со симптомите на Ковид-19, а и двете состојби се поклопуваат периодов, малку е тешко е да ги разликуваме од алергиите и да сме потполно сигурни за што точно станува збор. Побаравме помош и мислење на темата од  Д-р Нела Деспотовска која ни даде неколку совети како да правиме разлика помеѓу ковид и пролетните алергии.

Иако почетокот на пролетта обично носи потопли температури, подолги денови, а сезоната на настинки и грипови стивнува, тука настапува сезоната на алергии. Кивање и кашлање се најчестите симптоми на пролетните алергии кои исто така, се чести симптоми и при заболување од ковид. За да ви помогнеме и да не ве фаќа страв и паника, во продолжение ви откриваме како да правите разлика помеѓу ковид и пролетните алергии.

Д-р Нела советува: Како да правите разлика помеѓу ковид и пролетните алергии?

Како симптомите на КОВИД-19 се разликуваат од симптомите на пролетните алергии?

Повеќе симптоми се слични, па многумина се прашуваат како да ги разликуваат. Главната разлика е во тоа што не се јавува покачена телесна температура при алергија на полен. Пролетните алергии се предизвикани од алергени како полен од дрвја и трева, а не од вирус. Сезонските алергии се познати и како алергиски ринитис или поленска треска. Алергиите на полен предизвикуваат кивање и чешање во очите, носот и грлото, симптоми кои поретко се јавуваат кај ковидот. Додека пак, наглото губење на мирис или вкус, без значителни назални симптоми, укажува на КОВИД-19.

Пролетните алергии ретко предизвикуваат проблеми со дишењето, иако може да бидете изложени на поголем ризик ако имате астма или друга респираторна состојба. А најчести знаци на пролетната алергија се:

  • Кивање
  • Течење или затнат нос
  • Чешање, насолзени очи
  • Замор
  • Чешање на устата или грлото
  • Темни кругови под очите
  • Кашлица.

Од друга страна, КОВИД-19 е предизвикан од вирус кој се шири од човек на човек. Симптомите обично се јавуваат 2-14 дена по изложувањето на директен контакт со некој кој е инфициран. Симптомите на КОВИД-19 вклучуваат:

  • Губење на вкус или мирис
  • Сува кашлица
  • Проблеми со дишењето или отежнато дишење
  • Покачена телесна температура
  • Замор
  • Главоболка
  • Болки во мускулите или телото
  • Воспалено грло
  • Дијареа
  • Гадење
  • Повраќање.

Ако се сомневате дека имате ковид, консултирајте се со вашиот лекар кој врз основа на симптомите ќе утврди дали треба да се тестирате.

Дали симптомите на пролетните алергии и КОВИД-19 се разликуваат кај децата?

Голем е бројот и на деца кои страдаат од пролетни алергии. Децата со алергии имаат тенденција да бидат немирни, додека возрасните кои страдаат од пролетни алергии се повеќе уморни. Ако детето е летаргично, има треска и постојана кашлица, тогаш треба да го известите и да се консултирате со матичниот педијатар.

Што може да ви помогне?

Без разлика дали имате алергии или не, маска во јавни затворени простории е препорака која се уште важи против ковидот, често мијте ги рацете, останете дома ако сте болни, покријте ја устата при кашлање и кивање со марамче, а потоа задолжително измијте ги рацете.

Што се однесува за алергиите, најдобро е да останете во затворени простории колку што е можно повеќе и да ги држите прозорците и вратите затворени. А, ако сакате или имате потреба да се движите во јавни затворени простории, носењето хируршка или платнена маска за лице може да ви помогне. Покрај тоа, користењето на додатоци во исхраната може да ви биде од голема помош, па издвојуваме неколку кои кај нас се лесно достапни и се препорачуваат:

  • AlphaSorb-C – за ублажување на сезонските алергии. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник.
  • Витамин Д – за зајакнување на имуниот систем. Истражувањата покажуваат дека витаминот Д може да активира одредени клетки на имуниот систем кои превенираат ослободување на хемиски состојки кои предизвикуваат или ги влошуваат алегириите. Обезбедувањето на организмот со витамин Д е од голема важност при пролетните алергии и ковид. Витаминот Д може да се најде во вид на меки капсули или капки. Наша препорака се NOW® Vitamin D-3 (меки капсули), Liquid Vitamin D-3 и Extra Strength Liquid Vitamin D-3 (капки).
  • Bromelain – за заштита на дишните патишта.  Бромелаинот е природен протеолитички ензим кој се наоѓа во сокот и стеблото на ананасот, а има бројни здравствени придобивки. Ја намалува густината на слузта, го подобрува дишењето и ја намалува кашлицата. Бромелаинот ја намалува алергиската сензибилност и го намалува развојот на алергиски болести на дишните патишта.
  • Serrazimes – за превенција и намалување на изложеноста на алергени. Serrazimes е протеолитички ензим со силно антинфламаторно и антиедематозно дејство. Serrazimes од NOW FOODS е безбеден за консумирање, содржи 20 000 единици на активност и е составен од ензими добиени од печурките Aspergilus orizae и Aspergilus melleus. Нашите пријатели Тримекс го имаат Serrazimes на попуст, па побрзајте да си го набавите и ублажите алергиите.
алергии и ковид

За да нарачате некој од додатоците во исхраната, посетете ја онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Нивните производи може да ги најдете и во сите добро снабдени аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Силен имунитет е решение против пролетните алергии.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: