6 природни лекови кои помагаат при пролетна алергија 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Силен имунитет е решение против пролетните алергии

Сите ние знаеме дека алергиите се непријатни, а посебно во времето кога пролетта се буди и на тој начин активира многу алергени. Оној кој има проблем, често е со двоумење секогаш кога треба да се излегува надвор во природа, но, за среќа, постојат разни, лесно достапни начини за третман, a зајакнувањето на имунитетот е само еден од нив. Па, ако се соочувате со некој од знаците на пролетните алергии, солзење на очите, иритација на грлото, затнат нос, зуење во ушите… овој текст е за вас и ќе ви помогне да го подобрите здравјето!

Лековите не се единствениот начин да ги подобрите симптомите на алергија. Ако добро се информирате, има начини да изградите своја одбрана против непријатните промени. Најважно од сѐ што треба да знаете е дека, силниот имунитет е најдоброто „оружје“.  Во продолжение ви предлагаме неколку едноставни начини кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да ги ублажите непријатните алергиски симптоми кои доаѓаат со пролетта.

6 природни лекови кои помагаат при пролетна алергија 2

Имунотерапија како медицинско решение

Имунотерапијата е сигурен начин на кој всушност може да го подобрите имуниот одговор и да ја намалите алергиската реакција. Со помош на ваквиот начин на третирање, преку инјекции се примаат состојките на кои сте алергични. Количините полека се зголемуваат и овој процес го покренува имуниот систем. Имунотерапијата е ефикасна и неопходна ако имате алергии преку текот на целата година кои не се контролираат со лекови.

Исхрана и вежбање – корисни за здравјето во секоја смисла

Водењето на здрав начин на живот е и тоа како од корист при ублажување на алергиите. Иако нема да ги излечат целосно, правилната и здрава исхрана, надополнети со редовно вежбање во голема мера ќе ги намалат симптомите. Освен тоа, ќе го подобрат и целокупното здравје. Лицата кои се хранат правилно и вежбаат, полесно ги поднесуваат алергиите за разлика од лицата кои не практикуваат здрав живот.

Одредени намирници може да ги намалат сезонските алергии.  Доколку страдате од алергии, во вашата исхрана вклучете повеќе цвекло, цреши, боровинки и црвено грозје. Зелениот зеленчук како брокула, марулка, блитва, зелка и др., во својот состав содржат хесперитин и хесперидин, кои имаат антиканцерогено и антиинфламаторно дејство, влијаат за намалување на холестеролот и ги штитат крвните садови од оштетување, а исто така влијаат позитивно при алергии. Други корисни намирници се ленено семе, пиперки и јагоди.

Портокалите, лимоните и грејпфрутот се богат извор на витамин Ц. А, доколку вашиот доктор ви препорача суплементација со витамин Ц, ви предлагаме да набавите AlphaSorb-C од NOW Foods. Станува збор за супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.

Ви препорачуваме да прочитате и: 8 намирници против пролетна алергија.

Пијте природни чаеви

Чаевите од камилицананемајчина душицаѓумбир и коприва помагаат за намалување на иритацијата на грло и ги ублажуваат симптомите на алергија. Покрај тоа, ладните облози од камилица ќе ја намалат отеченоста на очите и веднаш ќе го почувствувате пријатниот ефект.

Медитација како неконвенционално решение

Медитацијата е изненадувачки моќна кога станува збор за физичкото и менталното здравје. Освен тоа, ефикасна е и при алергии. Стресот може да ги влоши постоечките симптоми, а медитацијата успешно го намалува, а сега ќе разберете и зошто е тоа така. Високото ниво на стрес го слабее имунитетот, а со тоа имуниот одговор е слаб и доведува до влошување на алергиите. Со практикувањето на медитација ќе научите како да се релаксирате, а со самото тоа ќе ја ублажите алергијата. Колку и да ви звучи неверојатно, ништо не губите ако пробате.

Смеењето е здравје и помош до силен имунитет

Добрата смеа носи повеќе од среќа. Истражувањата покажуваат дека смеењето може да ја зголеми функцијата на имунитетот бидејќи го зголемува имуноглобулинот, протеин присутен во очите, ушите, устата, грлото и носот. Овој протеин штити од инфекции. Па така, зголемувањето на неговото ниво, го подобрува имунитетот. Кога сезонските алергии се најстрашни, гледајте смешен филм или видеа на интернет. Ќе забележите подобрување.

Наша препорака:

За дополнително намалување на симптомите на алергија, ви го препорачуваме Beta-1,3/1,6-D-GlucanБета глуканите се примаат орално во вид на капсули. Тие имаат помалку несакани ефекти од имунотерапиите. Дејствуваат по природен пат и се поефективни.

Бета-глуканите меѓусебно се разликуваат и имаат различни ефекти на човековиот организам. Најдобар имуномодулаторен ефект имаат нерастворливите разгранети бета (1,3/1,6)-D-глукани изолирани од печурки. NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан) е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Научните студии покажуваат дека Бета-Глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки, вклучително и оние присутни во лимфоидот поврзан со цревните ткива (GALT). GALT постои во дигестивниот тракт и е познато дека игра клучна улога во функцијата на здрав имунолошки систем. NOW Бета-Глукан се меша со маитаке печурки за дополнителна поддршка. Освен што ги намалуваа алергиите, NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan се препорачува затоа што:

  • го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имуните клетки
  • го јакне имунитетот
  • помага при поленска треска
  • ги намалува афтите
  • штити од настинки и грип
  • ги олеснува респораторните инфекции
  • помага при алергиски ринитис.

На нашите простори, со оглед на навиките за исхрана, потешко може да се внесе во телото како храна, поради што единствен начин да го снабдите организмот со ова моќно имуно средство е да го внесете како додаток во исхраната. За да нарачате некој од предложените додатоци во исхраната, посетете ја онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Нивните производи може да ги најдете и во сите добро снабдени аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 решенија против синуситис – воспаление на синусите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: