Како да се обезбедите со дополнително ниво на енергија 1

Како да се обезбедите со дополнително ниво на енергија?

На сите нас понекогаш ни се случува да имаме потреба за дополнителна количина на кафе со цел да се обезбедиме со зголемена доза на енергија. Но, често пати некои мали промени во начинот на исхрана може да ни обезбедат дополнително ниво на енергија на многу поздрав начин, па еве некои насоки.

Така, ако се чувствувате безволно и мислите дека нема да успеете да го дочекате крајот на работното време во будна состојба, не грижете се. На сите понекогаш им се случува да се чуствуваат исцрпени, но за среќа постојат многу начини за полнење на батериите на природен начин без енергетски и кофеински напитоци.

Како да се обезбедите со дополнително ниво на енергија 2

Внесувајте доволно количество на вода

Слабата хидратација на организмот може да предизвика чувство на исцрпеност, како и да го успори целокупниот метаболизам. Оттука, може да се отежнат и најобичните секојдневни активности. Затоа, погрижете се секогаш да пиете доволно количество на вода во текот на денот.

Јадете на секои 3-4 часа

За да ги одржите телесните течности на задоволувачко ниво, потрудете се да се храните редовно и избалансирано. Не е важно дали ќе изедете 3 пообилни оброци или 5-6 помали, туку да не ги прескокнувате, бидејќи храната е неопходен извор на енергија.

Кофеинот консумирајте го внимателно

Има многу здравствени придобивки од пиењето на кафе и чај, меѓутоа се што е претерано не е здраво. Затоа, потрудете се  да ги пиете вашите кофеински пијалаци во одредени временски интервали.

Консумирајте храна која го подигнува нивото на енергија

Внесувајте повеќе свежа храна која изобилува со растителни влакна, витамини и минерали кои ќе го обезбедат вашето тело со сите неопходни хранливи материи и на тој начин ќе ви го подигнат и нивото на енергија.

  • целозрнести житарки (овес, киноа, просо, булгур, јачмен)
  • овошје богато со вода (јаболка, лубеница, бобинкасто овошје)
  • јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми)
  • леќа.

Избегнувајте храна која го намалува нивото на енергија

Доколку имате проблем да го поминете будни и свежи работниот ден и секогаш работите со пола сила време е од употреба да исфрлите некои намирници кои ја трошат вашата енергија.

  • производи од бело брашно со додадени рафинирани шеќери (крофни, мафини, кифли и разни слатки)
  • мрсна храна
  • брза храна (сендвичи и хамбургери)
  • индустриски високо преработена храна (паштети, салами и разни конзерви).

Ви препорачуваме да прочитате: 7 најдобри нискокалорични зеленчуци за супер здравје, енергија и фит форма.

Сподели: