утрински совети за енергија - енергични на утро

10 совети да бидете енергични наутро

Се прашувате ли како да се разбудите енергични наутро? Ве мачи ли исцрпеност и неможност веднаш по станувањето активно да го започнете денот? Прочитајте ги нашите совети, докажано помагаат.

утрински совети за енергија - енергични на утро

Можеби знаете некој начин, но ние споделуваме со вас 10 важни совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и енергично уште од почетокот на денот:

  1. Намалете ја количината на вечерниот оброк.
  2. Последната чашка алкохол пијте ја најмалку 4 часа пред спиење.
  3. Пробајте да се навикнете на редовен распоред на спиење. Варијациите од 30-60 минути (во времето на легнување и станување) се во ред, но секое поголемо отстапување доведува до промена на биолошкиот ритам.
  4. Исклучете ги сите електронски уреди (компјутер, ТВ, дигиталниот часовник итн), бидејќи светлината во просторијата, непосредно пред спиење го попречува лесниот сон.
  5. Наутро пијте вода. После спиење телото е делумно дехидрирано и потребна му е вода, а пожелни додатоци за во водата се ѓумбир и лимон, а доколку сакате да засладите додадете стевиа која има нула калории.
  6. Задолжително појадувајте. Појадокот го снабдува мозокот со глукоза и го стабилизира шеќерот во крвта.
  7. Изложете се на природна светлина. По можност тоа да трае барем 15-30 минути, тоа ќе го намали нивото на меланин во организмот и ќе се чувствувате побудни и поагилни.
  8. Прошетајте во природа или сработете нешто во градина доколку ја имате. Тоа ќе ви даде инстант енергија, а за пешачење се доволни околу 20 минути. Во случај да немате време за посебна организација, испешачете до работа или друга дестинација каде што треба да пристигнете.
  9. Медитирајте. Најдобро е да седнете наспроти прозорецот, со затворени очи, да ја почувствувате светлината и да ја насочите крвта кон мозокот (така ќе го направите поактивен).
  10. Напијте се кафе или чај (зелен чај посебно е корисен и богат со антиоксиданси), кофеинот го буди мозокот и ја подобрува концентрацијата и будноста.

Сите знаеме дека е скоро невозможно да ги изведеме сите овие совети во еден краток утрински момент. Она што е важно да го знаеме, е дека за да се чувствуваме поенергично, може да направиме многу повеќе од шолја кафе.

 

Сподели: