совети за подготовка на пица

10 совети за подготовка на пица кои мора да ги знаете

Мммм…пица! Зарем постои човек на светот што не го обожава ова ремек дело на италијанската кујна? Топло и убаво испечено тесто во фурна, доматен сос, оригано, кашкавал што топи во устата и месни додатоци кои го даваат вистинскиот мирис и шмек. Станавте гладни зар не?! А за како да ја направите совршената пица во својот дом, ви откриваме 10 совети за подготовка на пица кои мора да ги знаете.

Бидете сигурни дека рерната е многу загреана

Ако користите стандардна рерна, добро ќе биде да биде загреана на 250 до 280 степени, секако доколку шпоретот ја поседува таа можност. Ако пак ја приготвувате во фурна на дрва, потребно е фурната да ја разгорите 45 минути до 1 час пред почетокот на печењето.

совети за подготовка на пица

Немојте да користите ладно тесто

Ако користите тесто од фрижидер, извадете го 30 минути до 1 час пред да започнете со подготовка. Важно е тестото да постигне собна температура, затоа што тоа ќе помогне во опуштањето на глутенот. Така ќе може да ја формирате пицата лесно без многу притискање, што е важно за сочно тесто.

Пицата ставете ја во загреан сад пред печењето

Еве уште еден трик кој треба да го знаете, но сигурни сме дека можеби и прв пат ќе прочитате за овој совет. Тајната на крцкавата пица се крие во постапката на печењето на тестото врз загреана површина. Но, како да се постави тестото во загреаната тава? Тоа за почетниците е малку комплицирано. Еве што може да направите. Тавата ставете ја кратко да се загрее, а потоа наросете брашно и ставете го тестото. Уште полесно, тестото ставете го врз хартија за печење, а потоа ставете го во загреаната тава.

Развлечете го тестото со рацете, а не со сукало

Штом тестото постигни собна температура, ќе биде еластично и лесно за обликување. За да направите крцкава пица со меурчиња, заборавете на сукалото. Италијанските пици немаат совршена кружна форма, затоа што големите мајстори ги обликуваат со помош на прстите. Врз набрашнета површина ставете го тестото и формирајте кора со помош на рацете. Притоа, не берете гајле за несовршената кружна форма.

Ставете тенок слој на доматен сос или пица кечап

Ако ставите повеќе сос, тестото ќе биди глекаво, а секако тоа не е вашата цел. Врз кората нанесете малку пица кечап од Витаминка и нежно распоредете го со лажица. Ако пак се одлучите за свежи шери домати, исечете ги на половина и нежно исцедете ги за да излези вишокот на течност.

Ако обожавате свежа моцарела, исечете ја на тенки кругови

Моцарелата содржи поголем процент на вода, па доколку се одлучите да ја користите, исечете ја на тенки кругови и ставете ја врз крпа за да се исцеди. Потоа наредете ја врз пицата.

Кратко згответе ги додатоците за филот

Повеќето зеленчуци нема да омекнат додека пицата се печи. Затоа пред да ги ставите врз тестото кратко динстајте ги брокулите, спанаќот, кељот. На крај исцедете ги и додајте ги врз пицата. Модриот патлиџан и тиквичките треба да се посолат, исцедат, а потоа да се исдинстаат или испечат. Истото правило важи за свежите или мрсни меса: колбасите, сланината или панцетата треба кратко да се запржат. Исклучоци од ова правило се месните преработки како пеперони, чајна салама, кулен, пршутата и другите тенко сечкани зеленчуци како пиперки и кромид.

Пицата премачкајте ја со масло пред и по печењето

Пред да ја ставите пицата да се пече премачкајте ја со Брилијант масло. Постапката повторете ја и по печењето на пицата. Ќе добиете убава боја, крцкавост и вкус.

Рамномерно испечете ја пицата и извадете ја врз кујнска решетка

Најверојатно и вашата рерна не печи подеднакво на сите страни. Ако тоа го знаете, за време на печењето пицата поместете ја за да може рамномерно да се испечи. Печената пица ставете ја врз кујнска решетка наместо врз рамна површина за време од неколку минути. Така ќе се задржи крцкавата кора, а тестото нема да биде влажно од кондензацијата по печењето.

Зачините додајте ги по печењето на пицата

Сигурно сте забележале дека ако додадете свежи зачини врз пицата, тие ќе потемнат и ќе го изгубат првобитниот изглед. Младите, свежи зачини како босилек, магдонос и млад кромид најдобро е да се додадат по печењето на пицата, со цел да ја зачуваат својата арома и убавина.

Ви предлагаме да прочитате: Домашна Пеперони пица.

*Спонзориран текст

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: