11 корисни совети за чување на млеко

Млекото како намирница наоѓа голема примена и речиси секојдневно се користи во исхраната на луѓето. Тоа е еден од најстарите производи кои човекот ги користи во својата исхрана. Претставува природен извор на голем број витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба.

За да се зачува квалитетот на млекото, да се задржат хранливите својства и да се продолжи трајноста подолг временски период, неопходно е да се знаат и применуваат следните практични совети.

Совети кои треба да ги применувате во супермаркет при купување на млеко

  1. Кога набавувате намирници за дома, изберете добро изладено свежо млеко кое нема да се загрее за време на купувањето. По купувањето, најбрзо што можете, млекото ставете го во фрижидер на температура помеѓу 0 и 4 степени Целзиусови.
  2. Притоа, не заборавајте да проверите до кога наведен е рокот на употреба на пакувањето. Секогаш изберете го пакувањето со млеко, на кое е наведен подолг рок на траење.
чување на млеко

За да го зачувате квалитетот на млекото во домашни услови, применувајте ги следните совети:

  1. Штом го отворите пакувањето со млеко, истото може безбедно да го консумирате во рок од 3 дена. Наместо големи пакувања на млеко, кои не можете да ги искористите во овој период, секогаш купувајте помали пакувања на млеко.
  2. Запомнете дека новите пакувања со млеко треба да ги отворите по истиот редослед како што сте ги купиле. Пакувањата со млеко кои сте ги купиле поодамна искористете ги што побрзо.
  3. Штом еднаш сте го отвориле млекото, по употребата добро затворете го и чувајте го подалеку од храна која има силна миризба во фрижидерот. Млекото има особина да ги поприми силните миризби.
  4. Многумина го чуваат млекото на вратите во фрижидерот, но подобро е да го чувате на полиците во каде што е поладно.
  5. За да ги зачувате вкусот и хранливите вредности, најдобро е млекото да го чувате во оригиналната амбалажа.
  6. Избегнувајте да го чувате млекото изложено на светлина, затоа што светлината ги уништува некои витамини, како витамин Д и рибофлавин.
  7. Доколку сте туриле млеко во чаша, а притоа не сте го искористиле, никогаш немојте да го враќате во оригиналното пакување. Тоа може да придонесе млекото во амбалажата, побрзо да се расипи.
  8. Рокот наведен на пакувањето на трајното млеко кое не се продава во фрижидерите во маркетите, важи под услов доколку млекото да не е отворено. Штом трајното млеко се отвори, истото мора да се чува во фрижидер и да се искористи во рок од 3 дена.
  9. Доколку ви останала поголема количина на млеко, која не може да ја искористите, ви предлагаме да го замрзнете. Млекото може да се замрзни и да се искористи во период од 6 недели, без притоа да има влијание на вкусот и хранливите состојки. Сепак, по одмрзнувањето може да се загуби мазната текстура. Млекото кое содржи мал процент на масти е подобро при замрзнување во споредба со полномасното млеко кое содржи 3.2% на масти. При одмрзнување, замрзнатото млеко ставете го во фрижидер и оставете го за неколку часови. Доколку забележите слоеви кај млекото, изматете го со миксер или миксирајте го кратко време во блендер.

Сподели: