оцет - киселина - дома

11 причини за постојано да имате оцет дома

Освен главната причина за закиселување на храната, постојат голем број корисни причини за постојано да имате оцет во домот. Кога ќе ја прочитате листата со несекојдневни и корисни употреби на оцетот, ќе се изненадите од бројните примени кои има во домаќинството.

оцет - киселина - дома
  1. Според повеќе истражувања, оцетот ги намалува ризичните факторите кои може да доведат до губење на меморијата и деменција, високо ниво на шеќер во крвта, инсулинска резистенција, дијабетес, предијабетес, го намалува зголемениот апетит, а со тоа го контролира внесот на храна, со што спречува прекумерното дебелеење.
  2. Чешањето што се појавува при каснувања од инсекти, може да се ублажи доколку болното место се третира со алкохолен, неразреден оцет.
  3. Смирете ги изгорениците што настанале од несоодветно сончање, со тоа што ќе ги испрскате со дестилиран алкохолен оцет. Ладниот оцет е уште подобар во овај случај, бидејќи помага за да се избегне појавата на осип и лупење на кожата.
  4. За природно лечење на гребнатинки и посекотини, користете дестилиран алкохолен оцет како антисептик.
  5. Ослободете се од непријатната миризба на нозете, така што прво ќе ги измиете со сапун, а потоа потопете ги во неразреден јаболков оцет и чувајте ги така околу 10 минути.
  6. За темелно чистење на четката за коса употребете раствор од дестилиран алкохолен оцет и потопете ја со него.
  7. Исчистете ја кожата на лицето со помош на памук кој ќе го натопите во еднакви количини на вода и дестилиран алкохолен оцет.
  8. Ако лосионот кој го користите по бричење ви предизвикува осип или неподносливо чешање на кожата, обидете се да користите неразреден дестилиран алкохолен оцет по секое бричење.
  9. Осветлете ги пегите на телото, (но не и на лицето), со тоа што ќе ги премачкувате со дестилиран алкохолен оцет.
  10. Отстранете го лошиот здив и избелете ги забите, така што ќе ги миете еднаш или двапати неделно со дестилиран алкохолен оцет.
  11. Нека вашиот лак за нокти трае подолго. Пред секое нивно лакирање избришете ги ноктите со памук кој претходно сте го натопиле во дестилиран алкохолен оцет.

Сподели: