совети за свеж здив

12 лесни совети за свеж здив

Заборавете на лошиот непријатен здив! Свежиот здив не е радост само на одредени, може да го има секој, ако знае каква нега да применува. Здравата храна може да ви помогне во одржување на добросостојбата на системот за варење, редовната хигиена на усната шуплина ќе ја намали веројатноста од појава на непријатен здив, а нашите неколку совети за свеж здив може да ги примените и дома, а да се чувствувате удобно секаде!

свеж здив - насмевка

Постојат многу причини кои можат да го уништат чувството на пријатност во устата и да доведат до појава на лош здив. Тоа може да биде поради разни причини како што е лоша или несоодветна дентална хигиена, лошо или отежнато варење на храната, заболувања на желудникот кои се знак за дисбаланс во дигестивниот систем, дехидратација и слично. Често „спасот“ е дома или лесно достапен од околната средина, а такви се и следните неколку совети за свеж здив. Во продолжение прочитајте како може да ја подобрите вашата состојба и постојано да му се радувате на свежиот здив:

  1. Избегнувајте да консумирате шеќер.
  2. Земете малку сода бикарбона.
  3. Џвакајте каранфилче.
  4. Џвакајте ливчиња од нане.
  5. Пијте доволно вода.
  6. Мијте ги забите 2 пати на ден, а посебно не заборавајте да го измиете и јазикот.
  7. Практикувајте да јадете храна со пробиотици.
  8. Јадете храна богата со растителни влакна.
  9. Пробајте правилно да ја комбинирате храната, за да се олесни варењето.
  10. Правете гаргара со солена вода или чај од нане.
  11. Користете конец за заби.
  12. Плакнење на усната шуплина со сусамово или кокосово масло може да помогне.

Сподели: