17 причини за да јадете мандарини

17 причини за да јадете мандарини

Фантастичните мандарини се издвојуваат по својот тропски свеж вкус и здравствена корист. Од сите цитрусни плодови тие имаат најмногу витамин Ц, богати се со витамин Д кој е важен за заштита на децата од рахитис – заболување на коските и витамин К кој е особено важен за еластичноста на крвните садови.

Не е тешко да се избере највкусната мандарина, бидејќи нејзиниот квалитет може да се утврди со голо око. Најкиселите, од сортата Уншиу се малку сплескани и имаат просечна големина. Единствена особина која ги издвојува за подобри од другите е многу малата застапеност на семки. Поголемите и со дебела кора мандарини (сорта Сантра) се нешто послатки.

17 причини за да јадете мандарини

17 причини редовно да јадете мандарини

Постојат најмалку 17 причини поради кои вреди често да имате мандарини на вашата маса. Некои од нив вклучуваат и алтернативно лековито дејство:

  1. Сокот од мандарини е диететски и лековит пијалок кој е подеднакво корисен како за децата вклучително и за бебињата), така и за возрасните.
  2. При висока телесна температура (покачена температура) сокот од мандарини многу успешно ја згаснува жедта.
  3. Мандарините се користат и во третман на астма и бронхитис. Содржат голема количина на аминокиселината синефрин, која е има одлично лековито дејство против отоци, а за чистење на белите дробови од секретите се препорачува секое утро да се пие по една чаша сок од мандарини.
  4. Свежите мандарини се корисни при заболувања на гастроинтестиналниот тракт, а посебно при проливи.
  5. Чајот од исушени кори од мандарини ја ублажува кашлицата и влијае позитивно за олеснување и отворање на дишните патишта при бронхитис и трахеитис.
  6. За стимулирање на апетитот, исто така се препорачува варена сува кора од мандарина.
  7. Кората на мандарините влегува во составот на мешани растителни комбинации кои во медицината се применуваат за зголемување на апетитот и подобрување на варењето на храната. Подготвена на таков специјален начин се пие по 10-20 капки дневно, на 15 до 30 минути пред јадење.
  8. Освен што го зголемуваат апетитот ги подобруваат и метаболитичките процеси.
  9. Редовна употреба на сок од мандарини помага против хелминти (паразитски црви кои предизвикуваат заболувања кај животните и човекот).
  10. Тие се вреден диететски производ кој е многу корисен за организмот во зимскиот период бидејќи ги задоволува неговите потреби за витамини.
  11. Етеричните масла кои се добиваат од плодот го подобруваат расположението.
  12. Мандарините помагаат и за намалување на шеќерот во крвта. Се земаат кори од 3 мандарини и се ставаат во врела вода да варат 10 минути. Напитокот не треба да се процедува. Може да се консумира секој ден, при што за да се зачува квалитетот задолжително е да се чува во фрижидер.
  13. Благодарение на фитонцидите кои ги содржат, мандарините имаат и антимикробно дејство (против бактерии).
  14. И сокот и плодот се ефикасни против дизентерија (инфективно заболување).
  15. Помагаат за запирање на крварења (посебн обилни крварења во климактериум).
  16. Надворешна примена на сокот помага против бели габички во устата на бебињата за време на доењето.
  17. Мандарините се корисни и при кожни заболувања. Свежо цеден сок убива некои од габите (трихофити, микроспори). За да ја излечите кожата и ноктите, втријувајте постојано сок од мандарина или тријте го местото со кора од мандарина.

Напомена: Иако се лековите во многу случаи, во одредени случаи не се препорачува консумација на мандарини и тоа при чир на желудникот и дуоденумот, гастритис со зголемена киселост на стомачниот сок, при ентерити, колити и други изразени цревни заболувања, исто така при холецистит, хепатитис и акутен нефритис.

Сподели: