2 билни чаеви кои помагаат за исфрлање и дробење на камен во бубрег 1

2 билни чаеви кои помагаат за исфрлање и дробење на камен во бубрег

Било кое заболување на бубрезите, како и самата појава на камен во бубрег, не е за потценување и треба внимателно да се лекува. Особено треба да се внимава доколку каменот е поголем од зрно црн пипер. Ваквите камења не треба да се обидувате да ги исфрлите на своја рака, бидејќи тие може да се заглават во мочните канали и да предизвикаат сериозни здравствени компликации. Па, овие билни чаеви за исфрлање и дробење на камен во бубрег, не се препорачува да се консумираат, доколку истиот е поголем од зрно црн пипер.

Покрај овие чаеви, за да се помогне процесот на исфрлање на каменот, треба да се консумираат и многу течности. Но, треба да се внимава водата да не содржи многу минерали како што се калциум и магнезиум. Овие минерали може дополнително да се наталожат во бубрезите и да создадат нов камен или песок. Еве што откривме од лица на кои им помогнале.

2 билни чаеви кои помагаат за исфрлање и дробење на камен во бубрег 2

Домашен чај за исфрлање на камен од бубрег

Потребни состојки:

  • 25 г корен од целер
  • 25 г магдонос
  • 25 г сладок корен
  • 1 л вода

Начин на подготовка и користење:

  1. Сите билки ситно исечкајте ги и ставете ги во чиста стаклена тегла.
  2. Добиената билна мешавина прелијте ја со 1 л вода. Теглата затворете ја и оставете ја да стои преку ноќ.
  3. Другиот ден вака подготвениот чај варете го околу 2-3 минути.
  4. Откако чајот ќе се излади, процедете го од билките и консумирајте го во текот на денот наместо вода.
  5. Чаевите кои се консумираат за одредена медицинска намена не се препорачува да се засладуваат. Но доколку сепак мора да користите некаков засладувач, тогаш употребете малку мед, но во никој случај не додавајте шеќер.
  6. Чајот се пие три дена по ред, па еден ден се прави пауза и така со ред додека почувствувате олеснување.

Домашен чај за дробење на камен во бубрег

Потребни состојки:

  • 4 лажици листови од дива круша
  • 4 лажици чај од жалфија
  • 3 л врела вода

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во чист сад ставете ги листовите од дива круша и чајот од жалфија и прелијте ги со врела вода.
  2. Откако вака подготвениот чај ќе се излади процедете го од листовите.
  3. Чајот консумирајте го во текот на целиот ден, без притоа да пиете други напитоци.
  4. За најдобри ефекти се препорачува чајот да се пие во рок од 1 седмица.

Напомена: Додека го користите овој чај може да забележите одредени  промени во вашата урина. Таа може да стане потемна и пенлива. Овој чај ги дроби камењата во бубрегот, а не придонесува за нивно исфрлање.

Ви препорачуваме да прочитате: Чај од пченкарна свила за слабеење и детоксикација на организмот.

Сподели: