Свиленкастите долги нишки кои наликуваат на нежна и мазна коса, а се сместени на горнот дел од пченката се нарекуваат пченкарна свила која претставува природен лек. Не е тешко, но треба да се знае како дома можете да си подготвите чај од пченкарна свила кој помага за слабеење и за детоксикација на организмот. Прочитајте го целиот текст и дознајте многу нешта.
Чајот од пченкарна свила помеѓу Индијанците бил познат како лек уште пред 5000 години п.н.е. Истражувањата покажуваат дека тие биле во право што го сметале за лек, затоа што е богат со антиоксиданси, кои помагаат во борба против здравствени проблеми.
Пченкарната свила содржи важни протеини, минерали, јаглени хидрати, витамини и драгоцените растителни влакна. Има одлично диуретично дејство, што помага за исфрлање на вишокот на вода од организмот, детоксикација и ослободување од отоци, а придонесува и за регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

За што е корисен чајот од пченкарна свила?
Чајот од пченкарна свила влијае благотворно на целокупното здравје. Погоре спомнавме неколку карактеристики за неговата корист. Но тоа не е сѐ. Чајот од пченкарна свила може да биде корисен и како лек против инфекции на мочниот меур, воспаление на уринарниот тракт, воспаление на простата, за полесно исфрлање на камчиња од бубрезите, олеснување на менструални тегоби, а претставува и голема помош против ноќно мокрење. Доста благотворно делува и при проблеми со срцето, го намалува високиот крвен притисок, ублажува реуматски болести, ослободува од умор и го намалува нивото на лошиот холестерол.
Дневната доза варира зависно од телесната тежина и типот на телото. Сепак, во главно се препорачува по една шолја, два до три пати дневно, со што би требало да се избегнува неколку часа пред спиење. Кога станува збор за деца, дозволено е да пијат, но во помали количини споредено со возрасните.
Чајот од пченкарна свила е едноставен и природен начин за намалување на килограмите и за ослободување на организмот од токсините. Сите знаеме дека на денешно време детоксикацијата е многу важна за здравјето. Антиоксидантните и диуретични својства на чајот од пченкарна свила помагаат да се ослободите од токсините во организмот и да го исфрлите вишокот на течности. Тоа помага за метаболизмот да работи забрзано и да придонесе во намалување на килограмите. За жените овој чај е корисен и во борбата против целулитот.
Како се припрема чајот од пченкарна свила?
Припремата на чајот е едноставна. Една лажичка добро исушена пченкарна свила (доколку е влажна не делува во потполност), прелијте ја со 1 шолја врела вода. Оставете да стои 15 минути и потоа процедете го. Чајот се пие топол и незасладен. Ако сакате може да додадете лимонов сок. Чајот може да стои во фрижидер до 2 дена.
Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикацијата е важна за слабеење! Направете домашен пијалак за детоксикација и слабеење.