Како резултат на сончевите зраци, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата. Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега. Кога сме кај тоа, ви претставуваме 2 третмани со мед и лимон за природна нега на лицето. За чиста и хидрирана кожа!
На состојбата и изгледот на кожата може да делувате и однадвор со тоа што ќе ги промените животните навики и ќе ја негувате кожата со помош на природни препарати. На сите им е добро познато дека лимонот помага во детоксикацијата на црниот дроб, бидејќи изобилува со витамин Ц. Овој витамин е вистински сојузник на убавината на лицето. Па затоа, секое утре практикувајте да се напиете по една чаша вода со свежо цеден лимонов сок, а резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Брчките ќе бидат помалку изразени, а темните дамки и флеки ќе избледат, па вашата кожа ќе добие здрав и убав изглед. Позитивните ефекти може да ги забележите без разлика дали имате масна или сува кожа. Лимонот исто така, се користи и како основа на многу природни производи за нега на лице.

Гел со лимонов сок за чистење на лицето
Состојки:
- сок од лимон
- мед
- гел од алое
- вода.
Начин на подготовка и употреба:
- Во чист сад промешајте малку сок од лимон, мед, гел од алое и вода. Количината на состојките прилагодете ја според вашите потреби.
- Со овој гел плакнете го лицето секое утро.
Хидратантен третман за лице со лимон и мед
Состојки:
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица мед
- 1 лажица маслиново масло.
Начин на подготовка и употреба:
- Сокот од лимон, медот и маслиновото масло промешајте во чист сад.
- Вака подготвениот препарат нанесувајте го на чисто лице, особено на сувите делови на кожата и оставете го да делува околу 15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за лице од лимон и мед.