2 третмани со мед и лимон за чистење и хидратација на лицето

Како резултат на сончевите зраци, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата. Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега. Кога сме кај тоа, ви претставуваме 2 третмани со мед и лимон за природна нега на лицето. За чиста и хидрирана кожа!

На состојбата и изгледот на кожата може да делувате и однадвор со тоа што ќе ги промените животните навики и ќе ја негувате кожата со помош на природни препарати. На сите им е добро познато дека лимонот помага во детоксикацијата на црниот дроб, бидејќи изобилува со витамин Ц. Овој витамин е вистински сојузник на убавината на лицето. Па затоа, секое утре практикувајте да се напиете по една чаша вода со свежо цеден лимонов сок, а резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Брчките ќе бидат помалку изразени, а темните дамки и флеки ќе избледат, па вашата кожа ќе добие здрав и убав изглед. Позитивните ефекти може да ги забележите без разлика дали имате масна или сува кожа. Лимонот исто така, се користи и како основа на многу природни производи за нега на лице.

третмани со мед и лимон

Гел со лимонов сок за чистење на лицето

Состојки:

  • сок од лимон
  • мед
  • гел од алое
  • вода.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во чист сад промешајте малку сок од лимон, мед, гел од алое и вода. Количината на состојките прилагодете ја според вашите потреби.
  2. Со овој гел плакнете го лицето секое утро.

Хидратантен третман за лице со лимон и мед

Состојки:

  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сокот од лимон, медот и маслиновото масло промешајте во чист сад.
  2. Вака подготвениот препарат нанесувајте го на чисто лице, особено на сувите делови на кожата и оставете го да делува околу 15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за лице од лимон и мед.

Сподели: