дамки под пазувите

3 домашни третмани против темни дамки под пазувите

Секоја жена сака нејзиното тело да изгледа убаво и привлечно. Но, често некои работи на нашето тело не ни се допаѓаат и сакаме да пронајдеме решение и истите да ги поправиме. Една од тие работи се секако темните дамки под пазувите. Овој проблем особено ги погодува лицата со светол тен на кожата. Темните дамки најчесто настануваат како резултат на често бричење, таложење на мртви клетки, алергиски реакции, честа употреба на разни дезодоранси и антипреспиранти, инфекции и триење од облеката.

Хиперпигментацијата која се јавува под пазувите не предизвикува никакви здравствени проблеми и не претставува кожно заболување. Најчесто пазувите при самиот процес на чистење на телото се запоставуваат при што доаѓа до таложење на мртви клетки. За да се ослободите од овој непријатен проблем се препорачува при секое туширање да се прави пилинг на пазувите. Но, исто така од темните дамки под пазувите може лесно да се ослободите со помош на некои природни средства како лимонов сок, оцетна киселина, оризово брашно и свеж компир.

дамки под пазувите

Третман против дамки со лимонов сок

Лимоновиот сок е главната состојка во борбата против темните дамки под пазувите. Сѐ што треба да направите е да исцедите сок од половина лимон, да го нанесете под пазувите и да го оставите да дејствува околу 20 минути. Потоа, пазувите темелно исплакнете ги со чиста вода. По овој третман на кожата нанесете хидратантен крем.

Третман против дамки со оцетна киселина и оризово брашно

Оцетната киселина и оризовото брашно (кај нас може да се најде како мелен ориз) се совршена комбинација која се применува кај лица со помрсна кожа. За овој природен третман треба да промешате 3 лажици оцетна киселина и 5 лажици оризово брашно. Вака подготвената смеса се нанесува на чисти пазуви. Откако ќе се исуши истата треба темелно да се исплакни со чиста вода.

Третман против дамки со свеж компир

Овој третман им се препорачува на лицата со понежна кожа бидејќи не предизвикува никакви иритации. Исцедете сок од свеж изрендан компир и со помош на памучен туфер нанесете го под пазувите. Сокот од компир се остава да делува околу 30 минути, а потоа темелно се плакни со чиста вода, Повеќе за овој третман против темни дамки под пазувите може да прочитате тука.

Совет плус: Доколку дамките под пазувите ви предизвикуваат болка, задолжително обратете се кај вашиот матичен доктор.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман за намалување на флеките на лицето.

Сподели: