намалување на флеките на лицето

Домашен третман за намалување на флеките на лицето

Мелазмата претставува хиперпигментација на кожата и најчесто се јавува кај жените, а кај машката популација е застапена само со 10%. Најчесто се јавува на горниот дел од телото, особено на лицето, вратот и грбот. Како и да е, за намалување на флеките на лицето нема потреба да посетувате козметички салон. Пробајте го овој домашен третман и за месец дена ќе забележите видно подобрување на изгледот на кожата.

Мелазмата ја предизвикува прекумерното производство на пигментот меланин. Овој проблем почесто се јавува заради хормонски промени, како што се бременост, контрацептивни пилули, терапија за надополнување на хормони, изложување на сонце, генетски предиспозиции, стареење или поединечни лекови против епилепсија. Најмногу се погодени трудниците дури до 90%. За разлика од старечките пеги, мелазмата после пороѓајот може да се повлече.

флеки на лицето

Жените кои земаат контрацептивни пилули или терапија за надополнување на хормон (TNH), исто така може да добијат мелазма, бидејќи нивниот организам поминува низ слични хормонски промени како оние кои се случуваат при бременост.

Изложувањето на УВ зраците претставува важен фактор кој го влошува развојот на мелазмата, па се препорачува луѓето кои се склони кон вакви проблеми да избегнуваат сонце и да користат креми за сончање со висок фактор за да избегнат стимулирање на пигментот.

Третман со лимон и магдонос за намалување на флеките на лицето

Постојат бројни методи за отстранување на флеките на кожата. Одредени методи се поврзани со примена на природни препарати кои може да се применат и употребат во својот дом, без да посетувате дерматолог или козметичар. Во таа насока, ви претставуваме ефикасни домашни третмани за намалување на флеките на кожата.

Земете една чаша ситно сечкан свеж магдонос и сварете го со 300 мл вода. Варете го за време од 15 минути, од моментот кога водата ќе почне да врие. Тенџерето тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади, а потоа процедете го и додајте 20 до 25 капки свеж сок од лимон.

Лицето темелно измијте го со топла вода. Потоа со помош на памучни тупфери, нанесете мала количина од растворот врз лицето и оставете го да делува за време од 15 до 20 минути. Потоа, тргнете ги тупферите и оставете кожата да се исуши. Преостаната течност соберете ја во шише со прскалка. Прскајте го лицето еднаш дневно. По 5 до 7 денови, правете ја постапката со тупферите.

Ви предлагаме да прочитате: 5 примени на лимоните како козметичко средство.

Сподели: