Може да се каже дека не постои личност која не сака лубеница. Таа е едно од највкусните овошја, која заради големата содржина на вода е особено добра за хидратација на телото за време на летните месеци. Бидејќи сега е сезоната, споделуваме 3 интересни и несекојдневни рецепти со лубеница кои ги пронајдовме на Инстаграм профилот на Сика – @sika_spices. Направете освежителен сладолед, сангриа – сок од лубеница или вкусна салата!
Лубеницата е одличен извор на витамините А и Ц, како и на одредени минерали, меѓу кои се калиумот и магнезиумот. Содржи многу антиоксиданси, а има и позитивно дејство врз целокупниот организам. Доколку сакате да направите нешто необично, ви предлагаме 3 интересни рецепти од лубеница кои ќе ве освежат во летните денови.

Сладолед од лубеница
Што има подобро од освежителен сладолед во топлите денови? – Па кога е здрав и многу вкусен, е совршен!
Состојки:
- 1 кг лубеница
- 1 зелен лимон
- 2 лажици агаве сируп или 1 лажица мед
- ½ лажичка лут буковец СИКА или 1 до 2 чили СИКА пиперчиња
- ½ лажичка морска сол.
Подготовка:
- Лубеницата исечкајте ја на коцки и исчистете ги семките. Зелениот лимон исцедете го во посебен сад.
- Во блендер ставете ги коцките од лубеница, лимоновиот сок, медот, лутиот буковец и морската сол. Убаво изблендирајте за состојките да се соединат.
- Сокот од блендерот прецедете го низ цедалка и ставете ја смесата во калапи за сладолед. Калапите оставете ги во замрзнувач неколку часа.
- Послужете го замрзнатиот сладолед и уживајте во летото со зачините на Сика.
Безалкохолна сангриа – сок од лубеница, лимета и чили
Овој сок од свежа лубеница, лимета и чили е всушност вистинска инфузија во овие жешки денови. Состојките кои ви се потребни се исти како и за сладоледот, па може истовремено да си направите сладолед и сангриа.

Состојки:
- 1 кг лубеница
- 1 лимета
- 2 лажици агаве сируп или 1 лажица мед
- ½ лажичка лут буковец СИКА или 1 до 2 чили СИКА пиперчиња
- ½ лажичка морска сол
- нане.
Подготовка:
- Лубеницата исечкајте ја на коцки и исчистете ги семките. Лиметата исцедете ја во посебен сад. Чили пиперчињата исечкајте ги и исчистете ги од семките.
- Во блендер ставете ги коцките лубеница, лимоновиот сок, медот, чили пиперчиња и морската сол. Убаво изблендирајте ги за состојките да се соединат.
- Во поголем бокал ставете нане, парчиња лимета и коцки мраз. Врз нив, низ цедалка, додајте го сокот од блендерот.
- По желба, можете да додадете и парчиња лубеница или јагоди и да уживате во оваа освежителна безалкохолна сангриа.
Совет плус:
- Доколку во вашата чаша додадете и малку текила, ќе ја имате најубавата домашна маргарита. Ако обожавате маргарита не заборавајте рабовите на чашата да ги премачкате со лимета и мешавина од крупно мелено чили (буковец) и сол за да го интензивирате вкусот. Направете го вашиот омилен коктел и уживајте во летото со зачините на СИКА 🌶.
Салата со лубеница и сирење
Традиционална и најубава летна салата. Ако ја обожаваш комбинацијата на лубеница и сирење, оваа салата мора да ја направиш.

Состојки:
- лубеница сечкана на коцки
- лут буковец СИКА
- сирење
- магдонос
- лимета.
Подготовка:
- Парчињата лубеница ставете ги во чинија. Додајте го дробеното сирење и наросете лут буковец. Зачинете со магдонос и лимета.
Наша препорака:
Ви се допаднаа овие 3 освежителни рецепти со лубеница? А дали знаете дека капсаицинот кој што го содржат пиперките ги возбудуваат рецепторите на кожата да реагираат на топлината, а тоа ги вклучува „алармите“ кои ќе го присилат вашето добро хидрирано тело да се олади брзо и поефикасно? Овие корисни информации ги најдовме на Инстаграм профилот – @sika spices и нивната Facebook фан страница. А ако сакате повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете ја веб страницата на Сика и следете ги.
Ви препорачуваме да прочитате: Топ 6 придобивки од сушената црвена пиперка.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.