сушена црвена пиперка

Топ 6 придобивки од сушената црвена пиперка

Го чува здравјето на срцето, го подобрува изгледот на кожата и косата, го забрзува метаболизмот и што уште не… Сушената црвена пиперка изобилува со бројни придобивки за здравјето. Постои поговорка „во секоја манџа пипер не се става“, а нашето истражување го докажува спротивното. Употребувајте ја што почесто и искористете ги придобивките кои ги нуди. Ајде да започнеме!

Сушената црвена пиперка претставува вкусен зачин кој е составен дел на голем број јадења. Може да се додава како прав, кршена и цела, а често се користи и сушено семе од црвена пиперка. Во природата се среќава лута и блага пиперка, па така и зачинот кој се прави од неа може да биде благ или лут.

сува црвена пиперка

Нутритивен состав на сушената црвена пиперка

Освен што го надополнува вкусот на храната, црвената сушена пиперка има и позитивно влијание на здравјето. Богата е со хранливи материи како диетални (растителни) влакна, витамини и минерали.

Од витамините изобилува со витамин А, Ц, Е, К и Б6, а од минералите манган, железо, калиум и магнезиум. Значајна е содржината на антиоксидансите, меѓу кои капсаицин (во лутата пиперка), лутеин и виолаксантин.

Го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем

Сушената пиперка го чува кардиоваскуларно здравје на неколку начини:

  • го регулира нивото холестеролот и триглицеридите во крвта;
  • ја подобрува циркулацијата;
  • го помага разложувањето на фибринот – протеин кој учествува во процесот на згрутчување на крвта;
  • го намалува ризикот од срцев и мoзочен удар.

Помага за намалување на нивото на шеќер во крвта

Сушената пиперка се препорачува во исхраната на лицата со дијабетес. Може да помогне за намалување и балансирање на нивото на шеќер во крвта, благодарение на капсаицинот, витаминот Ц и каротеонидите кои ги содржи.

Богата е со антиоксиданси

Црвената сува пиперка е богата со антиоксиданси кои го чувуваат здравјето, така што се борат против оксидативниот стрес. Оксидацијата е природен, но непосакуван процес во организмот. Долготрајниот оксидативен стрес се поврзува со развојот на хронични воспаленија во организмот, па затоа нутриционистите препорачуваат честа консумација на храна богата со антиоксиданси.

Лутата црвена пиперка го забрзува метаболизмот и помага за намалување на вишокот килограми

Капсаицинот кој се наоѓа во лутите пиперки го подобрува варењето на храната и го забрзува метаболизмот. Тоа помага за полесно намалување на вишокот килограми. Па, ако сте на диета, јадењата зачинете ги со лута мелена пиперка или лук буковец од Сика.

Помага при дигестивни проблеми

Црвената пиперка, особено во форма на прав е богата со антиоксиданси кои ги намалуваат стомачните проблеми како вознемирен желудник, гасови, дијареја и грчеви.

Го зачувува здравјето на кожата и косата

Витаминот Ц во црвената пиперка помага за убава и здрава коса и кожа. Овој витамин е важен за создавањето на колагенот, протеин кој учествува во градбата на кожата и косата. Недостатокот на колаген влијае за предвремено стареење, појава на брчки, слаба и кршлива коса.

Препорака плус:

Се изненадивте од нашето мало истражување? Ве мотивиравме почесто да ја користите црвената сушена пиперка? – Наскоро очекувајте повеќе корисни совети и рецепти за овој зачин кој има бројни придобивки.

А за да ги искористите, ви препорачуваме да набавите црвена сушена пиперка од проверен производител. Неодамна се запознавме со Сика – македонски бренд кој ги произведува највкусните зачини од црвена пиперка. Во нивната палета може да се најдат сушена слатка и чили лута пиперка, слатка и лута мелена пиперка, благ и лут буковец. Зачините на Сика се произведени од одбрани најквалитетни сорти македонска пиперка, според оригинален рецепт, со контролиран стандарден квалитет. Сите зачини на Сика се 100% природни, без вештачки бои и засилувачи на вкус. Повеќе информации за нив може да најдете на нивната Facebook фан страница или Instagram профил каде може да погледнете повеќе убави рецепти.

сика зачини

Ви препорачуваме да прочитате: Пиперка – зеленчук и лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: