пиперка - пиперки

Пиперка – зеленчук и лек

Многу популарната и широко распространета пиперка на нашите простори, слободно може да се нарече храна и лек. Нејзината корист за организмот е огромна и тоа од разни аспекти.

Пиперката потекнува од Јужна Америка, а во Европа ја донеле Шпанците во 15-тиот век. Пиперката е едногодишно растение, но во тропските краеви е повеќе годишно растение. Со вкрстување се добиени разни видови на пиперки, а најпозната поделба е на слатки и лути. Се среќаваат во повеќе различни бои и тоа можат да се: темнозелени, жолтозелени, бледожолти, жолти, портокалеви, светлоцрвени и темноцрвени.

Корисни состојки и употреба на пиперката

Пиперката нема висока енергетска вредност и е многу погодна за диетална исхрана, но затоа е богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Плодот (пиперката) содржи околу 89% вода.

Хранливи и лековити корисни состојки кои ги има во пиперките се следните:

  • бета каротен
  • витамин А
  • витамин Б1
  • витамин Б2
  • витамин Б6
  • витамин Е
  • витамин Ц
  • железо
  • глукоза
  • етерични масла (најмногу се застапени во семето)
  • зеаксантин
  • калиум
  • капсаицин
  • каротин
  • лутеин
  • моносахариди
  • натриум
  • пантотенска киселина
  • сахароза
  • фолна киселина
  • фосфор
  • фруктоза.
пиперка - пиперки

Состојките во пиперките делуваат поволно за организмот како антидепресив, афродизијак, антиреуматик, антисептик и диуретик. Интересно е што пиперката има многу повеќе витамин Ц, отколку лимонот и портокалот, односно во 100 грама пиперки има од 100-250 милиграми на витамин Ц.

Пиперките се користат како дел од салати, готвени јадења, разни туршии, а исто така и како еден од најчесто употребуван ароматичен и препознатлив зачин (сушени мелени пиперки преработени со соодветни технологии). Лутите пиперки имаат посебни својства за подобрување на апетитот, а со цел да се зачуваат што повеќе корисните состојки, се препорачува краткотраен термички третман.

Суровите пиперки и јадења од пиперки помаагат во лечење на многу болести и тегоби:

  • Авитаминоза
  • Алергии
  • Ангина пекторис
  • Анемија
  • Астма
  • Атеросклероза
  • Болести на желудникот
  • Болести на забите, грлото и непцата
  • Бронхитис, настинки и грип
  • Висок крвен притисок
  • Дебелина
  • Дијабетес
  • Запек
  • Импотенција
  • Имунодефициенција
  • Инфективни заболувања
  • Инфаркт
  • Зајакнување на имунолошкиот одговор
  • Катаракта
  • Кашлица
  • Значително помага против рак на бели дробови
  • Макуларна дегенерација
  • Мамурлук
  • Надуеност
  • Неплодност
  • Опаѓање на косата
  • Остеоартритис
  • Остеопороза
  • Отежнато мокрење
  • Покачено ниво на холестерол
  • Проблеми со варењето на храната
  • Проблеми со нервите
  • Проблеми со крвните садови
  • Проблеми со циркулација
  • Реуматизам
  • Реуматоиден артритис
  • Синузитис
  • Намален апетит
  • Старосно слепило
  • Хемороиди
  • Шлог.

Според погоре опишаното можеме да заклучиме дека, пиперките во секојдневната исхрана поволно влијаат врз здравјето на бубрезите, стомакот, цревата, мускулите, крвните садови и имунолошкиот систем.

Пиперката не може да биде основен лек, но помага во спречување на настанокот на одредени болети и е одлична како додаток на терапија, со посебно внимание при употребата на лутите пиперки бидејќи не секој организам може да поднесе голема лутина.

Сподели: