киноа со зеленчук и печурки 1

Киноа со зеленчук и печурки – посно јадење

Сакаш оброк за 30 минути и спремен за сервирање?! – Еве рецепт за тебе. Посен, лесен и неверојатно вкусен оброк од киноа со зеленчук и печурки!

Совршен за здрав ручек или вечера, а што е добро, може да се подготви и порано. Како најважно, ова е нутритивно богат избор кој ќе го снабди организмот со протеини, растителни влакна, здрави масти и витамини, а се добиваат 4 до 6 порции.

киноа со зеленчук и печурки 2

Состојки:

  • 1 чаша неготвена киноа потопена во вода преку ноќ
  • 1¾ чаши вода или несолен зеленчуков бујон
  • 1 чаша пченка, варена и процедена
  • 220 г печурки насечени на листови
  • 2 моркови, излупени и сечкани на коцки
  • 3 млади кромитчиња (зелен и бел дел)
  • 1 помала тиквичка исечкана на коцки
  • 1 чаша зелка, насечена поситно како за салата
  • 1/2 чаша свеж босилек или магдонос по желба
  • 1 лажица ладно цедено масло од сусам од Фила
  • 3 лажици соја сос или тамари
  • 2-3 лажички лук во прав
  • сол и црн пипер по вкус
  • лута срирача или лута црвена крупна пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Подготовка на киноата. Во сад со капак ставија претходно процедената киноа, да се вари заедно со 1 и 3/4 чаши вода или несолен зеленчуков бујон. Откако ќе зоврие, поклопи го садот и остави да се вари на тивко 15 минути. Потоа, отстрани го капакот, промешај и остави да стои уште 10 минути за да се впие преостанатата течност.
  2. Подготовка на зеленчуците и печурките. Во вок или друга поголема тава, ставете го маслото од сусам и загрејте го на средно висока температура. Додајте го претходно припремениот зелечнук, печурките и пропржете 2 до 3 минути. Додајте го соја сосот, лукот во прав и другите зачини по вкус. Гответе уште 3 до 4 минути со повремено промешување, а по потреба користете и капак за подобро омекнување на зеленчуците.
  3. Комбинирање. Додајте ја претходно припремената киноа во тавата со зеленчуците, а температурата зголемете ја на посилно. Гответе уште 3-5 минути со постојано мешање, а по потреба додајте уште малку од ладно цеденото масло од сусам, ако смесата ви изгледа „сува“. Послужете топло, а за сервирање како прилог може да ставите уште малку срирача или соја сос. На здравје!
Киноа со зеленчук и печурки – посно јадење

Совети и препораки за крај:

  • Ако ти остане, затвори во сад со капак и стави во фрижидер, така ќе трае и до 5 дена.
  • По желба, може да се загрее повторно пред јадење, но притоа треба да се промешува.
  • По желба, киноата може да се замени со ориз.
  • Ладно цеденото масло од сусам е богато со витамини (А, Б и Е), калциум, магнезиум, бакар, растителни влакна и протеини, па избравме да го пробаме во овој рецепт од азиската кујна. Одлично е за сите вегетаријанци, како и за оние кои сакаат да се хранат здраво и да го намалат вишокот килограми, па ако уште не сте пробале, топло ви препорачуваме да го пробате. А, ако сакате да си набавите, ладно цеденото масло од сусам е достапно и може да го набавите од поголемите и подобро снабдени маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на нашите пријатели Фила.
хумус без таан

Ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: