Брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит

Брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит

Расположението деновиве е на највисоко ниво и ви припремивме нешто супер брзо, а многу вкусно! Може да си направите за дома или да поканите гости, ќе си поминете супер! Па, кој е за брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит?! – прашуваат Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим.

За време на една спонтана гурманска дружба креиравме нешто што многу ни се допадна, па ја снимивме и сликавме постапката за најлесно паметење. – додаваат Катерина и Марија, кои може да ги заследите и на нивните Инстаграм профили @katerina.shambevska и @kocovska.marija.

печени ражничи со помфрит

Состојки:

*За 4 лица (12 ражничи)

Дополнително по вкус:

  • 1/2 главица кромид
  • 2 пиперки
  • 3-5 шампињони зависно од големината
  • рендан Royal Gold кашкавал од Слога по потреба
  • салата за прилог по желба.

Подготовка:

  1. Помфритот ставете го во сад и зачинете го со масло, сол и црн пипер по вкус. Ставете го да се печи во тава обложена со хартија, 30 минути на 220 степени во претходно загреана рерна.
  2. Свинското каре и пилешкиот стек исечете ги на коцки со големина 1.5 до 2 см, а потоа зачинете ги по вкус со масло, сол, црн пипер и оригано, па измешајте.
  3. Кромидот и пиперките измијте ги и исечете ги на покрупни парчиња. Печурките измијте ги и исечете ги на четвртини или половини, зависно од големината.
  4. Ражничите редете ги парче месо, парче кромид, парче месо, парче печурка, па пак месо, па пиперка и завршете со месо. Повторете ја постапката додека сте готови со сите свински и пилешки ражничи.
  5. Печете во плех обложен со хартија, 35-40 минути на 220 степени во претходно загреана рерна.
    Врз печените ражничи нарендајте кашкавал по вкус. Послужете сѐ и на здравје!

Совети плус:

  1. Редењето на ражничите може да го правите по своја желба, а зеленчуците и зачините може да ги замените или изоставите по вкус.
  2. Ако имате скара или грил тава, може да ги испечете и на тие начини.
  3. Помфритот по желба може да го испржите.
  4. Месото од Слога се покажа одлично за ражничи, па даваме позитивна препорака.
печени пилешки и свински ражничи со помфрит

Автори на рецептот: Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска.

За повеќе испробани рецепти заследете ги на инстаграм на: @katerina.shambevska и @kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен велигденски рецепт – „Потковици“ во зелен сос.

*Рецептот е поддржан од Слога.

Сподели: