3 природни сокови кои помагаат против артритис

3 природни сокови кои помагаат против артритис

Артритисот е состојба која го зафаќа мускулоскелетниот систем, особено зглобовите. Тој е еден од водечките причинители за физичка неспособност кај лицата постари од 55 години во развиените земји. Па, доколку и вие се соочувате со оваа непријатна и болна состојба, ви предлагаме да ги пробате овие природни сокови кои помагаат против артритис.

Експертите го дефинираат артритисот како состојба која предизвикува проблеми со движењето, јаки болки во зглобовите и згрченост во одредени делови од телото. Ако имате некои од овие симптоми, постои голема веројатност да страдате од артритис. Во поголемиот број на случаи артритисот предизвикува и оток на зглобовите. Тоа подоцна може да доведе до поголеми оштетувања на зглобовите. Тој, исто така може да влијае и на здравјето на очите, кожата и на внатрешните органи. Најчест облик на артритис е остеоратиритисот кој обично ја напаѓа постарата популација.

3 природни сокови кои помагаат против артритис

Сокот од ананас е богат со бромелаин

Сокот од ананас е особено добар за здравјето на зглобовите бидејќи содржи природен ензим т.н. бромелаин, познат по своите антивоспалителни својства. Сокот од ананас е особено делотворен при спортски повреди, болка во зглобовите и постоперативни отоци. Покрај тоа изобилува со природни минерали и витамини. Се препорачува да се консумира од 300 – 350 мл сок од ананас на ден.

Што е бромелаинот и како може да се користи за подобрување на здравјето на зглобовите?

Во последно време, бромелаинот кој се добива од ананасот е многу популарен како додаток во исхраната. Тоа ни беше мотивација да побараме дополнителни податоци за него и да ве запознаеме со неговите придобивки.

Бромелаинот е протеолитички ензим добиен од стеблото на ананас, кој има протеински дигестивни својства. Кога се зема со храна, бромелаинот може да помогне да се поддржи здрава дигестија. Ваквата негова функција го прави одличен разградувач на протеините во дигестивниот систем, со што директно придонесува во забрзување и подобрување на варењето на храната, како и ја подобрува апсорпцијата и метаболизмот на хранливи материи.

Кога се зема помеѓу оброци, тој може да ви помогне за подобра функција на зглобовите, а и привремено намалување на болката која е поврзана со прекумерна употреба на мускулите. На кратко, бромелаинот е природен дигестивен ензим кој го подобрува варењето на храната, делува антивоспалително во организмот и го забрзува оздравувањето после операции.

Ако се прашувате кој е најдобриот извор на бромелаин, во консултација со Д-р Нела, можеме да ви препорачаме да си набавите Bromelain од Now Foods, кој има ознака за GMP квалитет и е дел од групата на производи на Now Foods, бренд кој се залага за природни суплементи со врвен квалитет и ефект врз здравјето.

Доколку сакате да дознаете повеќе детали или да нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Сокот од цреши содржи моќен антиоксиданс – антоцијанин

Црешите содржат антиоксиданс познат под името антоцијанин кој ги ублажува болките предизвикани од артритис. Покрај тоа, богати се со бета каротен и бакар кои се многу делотворни при лечење на ревматоиден артритис.

Сок од вишни

Научниците тврдат дека овој сок кај различни лица може да има различно влијание. Па така, кај одредени лица овој сок може да донесе олеснување после само неколку дена од неговото консумирање, додека кај други се потребни неколку месеци пред да се почувствуваат неговите придобивки. Доволно е да се консумираат две чаши сок од вишни, два пати на ден.

Напомена: Овие сокови се делотворни доколку си ги припремите од свежо овошје со помош на блендер или соковник. Доколку купите готов сок од ананас или цреши нема да имате никаков ефект, бидејќи често пати содржат додаден шеќер и други адитиви.

Ви препорачуваме да прочитате: Идеална исхрана против ревматоиден артритис.

Сподели: