3 природни третмани за атлетско стапало

Дали сте забележале црвенило и лупење на кожата на стапалата, пропратено со непријатно чешање? Голема е можноста да станува збор за атлетско стапало. Станува збор за една од најчестите габични инфекции, а се смета дека едно од четири лица се соочува со овој проблем.

Атлетско стапало е името на инфекцијата која се јавува на кожата на стапалото помеѓу прстите, но може да се прошири и на другите делови на стапалото и ноктите. Оваа болест името го добила бидејќи многу често се јавува кај спортисти кои поголем дел од денот го поминуваат во спортски обувки и ногата им се поти, а топлината и влагата се идеално место за развој на габичките.

атлетско стапало

Причини за настанување на атлетското стапало се:

  • потење
  • носење на обувки низ кои кожата не може да дише
  • одење без обувки во заеднички соблекувални и базени
  • наследен фактор
  • ослабен имунитет.

3 природни третмани за атлетско стапало

Ако се соочувате со овој проблем, посветете поголемо внимание на хигиената на стапалата и испробајте некои од овие моќни природни лекови против габички.

Купка со јаболков оцет и хималајска сол

Во леѓен ставете топла вода и додајте половина чаша јаболков оцет (најдобро е да користите органски) и додајте 2 лажици хималајска сол. Ставете ги стапалата во купката и оставете ги околу 15 минути. Потоа добро избришете ги.

Освен купка, можете да искористите мека крпа која ќе ја натопите со растворот. Со крпата избришете ги стапалата по туширањето. Потоа добро избришете ги.

Сусамово и кокосово масло

Овие две масла имаат антигабични својства, а доколку ги комбинирате нивното дејство ќе биде поголемо. Можете да ги нанесувате два пати на дел на заболеното место на стапалото.

Купка со лук

За лековитите својства на лукот се знае одамна, а истражувањата потврдиле дека е корисен против габички и бактерии. Наполнете леѓен со топла вода и додајте неколку исчистени и исечкани чешниња лук. Оставете ги стапалата за време од 30 минути во купката. Постапката повторете ја два пати на ден, во текот на една недела, доколку има потреба. На крај,  стапалата добро исушете ги со крпа.

Ви предлагаме да прочитате: 3 чекори за нега на стапала и испукани пети.

Сподели: