3 совети за прва помош при убод од пчела

Пчелите се многу благородни животни од кои луѓето имаат повеќекратна корист, тие ги опрашуваат растенијата и ни даваат мед, но исто така знаат понекогаш и да боцнат. А таа ситуација е непријатна и болна, а зачестена во топлите денови. Затоа, ви претставуваме неколку совети за прва помош при убод од пчела.

Пред да започнете со третманите кои ќе ви ја намалат болката, многу е важно да знаете кои се првите симптоми на алергиска реакција на убод од пчела и доколку препознаете некој од нив веднаш одете до најблиската болница. Доколку забележите необичен оток по телото и отежнато дишење, не треба воопшто да чекате за да посетите доктор. Статистиката говори дека 1 од 100 лица има сериозна алергија од убод од пчели, а 3 од 100 имаат некој помал облик на алергиска реакција. Доколку ве касне пчела додека сте надвор, еве што треба да превземите.

убод од пчела

Внимателно отстранете го осилото

Доколку ве касне пчела или оса прво што треба да направите е да го отстраните осилото. Веднаш треба да земете нож или некој друг остар предмет (може да ви послужи и прстен) и нежно гребете го местото на убод. Не го чепкајте осилото со пинцета или нокти бидејќи така ќе го истиснете остатокот од отровот во кожата.

Ставете облоги од мраз или алкохолен оцет

Доколку имате само оток и болка, а немате друга алергиска реакција, ставете ладен облог од мраз или алкохолен оцет. Мраз ставете го во памучна крпа и држете го околу 20 минути. Ладното ги намалува крвните садови и на тој начин го спречува ширењето на отровот. Покрај тоа го намалува чувството на болка и чешање. Местото можете да го протриете и со кромид бидејќи има ензими кои имаат ублажувачко дејство.

Намалете го воспалението со антихистамин

Превентивно земете таблета од 25-30 милиграми антихистамин (против алергија) кој ќе го намали дејството на отровот, ќе го смири отокот и чувството на чешање.

Совет плус: Ако по убодот се јави гушење или отежнато дишење, чувство на притисок во белите дробови или во грлото, отекување на усните, вртоглавица , мачнина или повраќање веднаш побарајте помош од лекар.

Ви препорачуваме да прочитате:  Најдобри природни лекови против алергии.

Сподели: