Свежите сокови се препорачуваат како превенција на многу болести и одржување на здравјето. Се препорачува да се пијат различни сокови, а односот на зеленчук и овошје да биде 8:2. Во оваа содржина ќе ви прикажеме кои се најдобрите комбинации од овошје и зеленчук за добивње на сокови кои помагаат за намалување на холестеролот во крвта.
Една од причините за покачен холестерол во крвта е дејството на слободните радикали. Затоа е потребно да се зголеми внесот на антиоксиданси кои ги има во зеленчукот и овошјето.
Сок од целер, спанаќ и морков
Во блендер или соковник измиксајте едно до две страка целер, половина врзоп спанаќ и два моркови. По желба може да ја намалите количината на моркови и да ја зголемите количината на спанаќ.

Сок од боровинки, брусница, малини, јагоди и лубеница
Во соковник ставете ½ чаша боровинки, брусници, малини и јагоди, овошја кои се познати како одличен извор на антиоксиданси. Ако сакате да го разблажите овој сок, додајте малку сок од лубеница.
Сок од кељ, брокула и лубеница
Сите овие зеленчуци се исклучително богати со антиоксиданси. Земете мала главица кељ, половина брокула со средна големина, 1 до 2 кришки лубеница, исечете ги на помали парчиња и ставете ги во соковник. Приготвениот сок испијте ги веднаш.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници за снижување на холестеролот во крвта.