3 есенски декорации кои ќе го разубават домот

Есента е идеално време за да го разубавите домот и да му дадете нов шарм. Ако чувствувате дека му е потребна промена на вашиот дом, почнете од деталите. Не само што се наједноставен начин за веднаш да го разубавите просторот, туку со додавање ситни детали низ домот ќе заштедите и пари за реновирање. Еве 3 убави идеи за есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом.

Боите кои доминираат секако се различните нијанси на портокалова, кафена и маслинеста, а на вас останува изборот за нивно комбинирање. За малку време и мала доза на креативност, домот може да го претворите во уникатно катче. Искористете ги сувите листови, старите тегли, свеќите и камчињата за да постигнете неповторлива атмосфера! Погледнете го видеото и следете ги инструкциите за да направите свеќници од стари тегли, декорација од есенски листови и креативна декорација за трпезата.

Свеќници од стари тегли

За да ги направите овие креативни есенски свеќници потребно ви е лепило, стари тегли, листови и коноп. Врз теглата ставете лепило и залепете ги листовите еден врз друг или направете ваша комбинација. На врвот на теглата заврзете конопот и на крај ставете ја свеќата. Запалете ги свеќите и уживајте во есенската идила.

Декорација од листови

Земете неколку листови. Со помош на четка обојте ги со златна или бакарна боја. Оставете ги за време од 1 час да се исушат. Со помош на силиконски пиштол во горниот дел на листовите залепете долги врвки. Листовите обесете ги на посакуваното место.

Креативна декорација на трпезата со есенски листови

Ова е една интересна идеја која ќе ви биде од корист доколку ви се најавиле гости. Земете поголем лист и врз него со помош на маркер напишете го името на гостинот. Листот може да го поставите во чинијата, врз салфетка или да го заврзете со коноп врз чашата. Уживајте во пријатната вечера со најубавите есенски декорации.

Ви предлагаме да прочитате: 5 креативни декорации од овошје.

Сподели: