природни маски за лице

3 ефикасни природни маски за лице

Во денешно време ретко која дама има толку слободно време за да може постојано да оди на третмани за лицето. Зошто да трошите време и пари за професионални третмани, кога можете да направите сами природни маски за лице во вашиот дом? – Домашните маски за лице се навистина препорачливи и ефикасни, бидејќи сите состојки се природни, а потребни ви се само неколку минути за да ги измешате.

Освен редовната употреба на хидратантен крем, препорачливо е најмалку еднаш неделно да си направите природна маска за лице. Редовната нега на лицето ќе помогне кожата на вашето лице да го задржи сјајот, еластичноста и да ги намали брчките. Природната нега на кожата е најдобра, па затоа може сами да си направите природни маски за лице со кои ќе влијаете на изгледот на кожата.

природни маски за лице

Маска од зелена салата

Марулата содржи многу вода, па затоа е добра за кожата бидејќи ја враќа влагата. Истурете топла вода врз лисјата од свежа зелена салата да се измијат и омекнат. Кога ќе се исцедат и оладат, оставете ги да делуваат на лицето 20 минути.

Маска од јајца

Ако имате проблем со брчки и сакате да го затегнете лицето, пробајте маска со јајца. Јајцата содржат албумин, богат со аминокиселини кои го затегнуваат површинскиот слој на кожата. Направете маска матејќи две белки од јајце со лажичка шеќер. Нанесте ја смесата на лицето и оставете ја да делува 15 минути. Потоа, исчистете го лицето.

Маска од бршлен

За чувствителна кожа со испукани капилари, најдобро е да пробате маска од бршлен. Има стимулирачки ефект и ги штити крвните садови. Во 250 мл вода сварете околу 20 грама лисја бршлен. Кога ќе се олади исцедете ја. Додајте 1 лажица мед, 1 лажица оризов скроб и неколку капки масло од бадем. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 15 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Чистење на лицето со мед.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: