4 вкусни намирници за рамен стомак 1

4 вкусни намирници за рамен стомак

Јадете ја оваа храна и конечно кажете збогум на масните наслаги околу стомакот! Дали ви се причинува дека и покрај редуцираната исхрана, никако не можете да стигнете до рамен стомак, затоа што масните наслаги не се намалуваат? Тајната на слабеењето лежи во метаболизмот, начинот на живот, а можеби и најмногу во исхраната.

За да имате поквалитетен сон и побрзо да стигнете до посакуваната линија, вклучете ги овие намирници во исхраната.

4 вкусни намирници за рамен стомак 2

Риба

Оваа намирница е богата со омега 3 масни киселини и протеини. Лицата кои не внесуваат доволна количина на омега 3 масни киселини и не се хранат правилно, спијат полошо од оние кои консумираат доволно. Ова е важно, бидејќи лошиот сон се одразува негативно на целокупното здравје, а и на телесната тежина.

Ореви

Вкусните крцкави плодови се богати со магнезиум, но и со oмега 3 масни киселини. Делуваат превентивно од кардиоваскуларни заболувања, рак и дијабетес.

Млеко

Овој напиток изобилува со калциум. Истражување спроведено во 2010 година, покажало дека жените во менопауза, кои консумираат храна богата со калциум таложат помалку масти и полесно губат телесна тежина. Покрај тоа, млекото го поправа квалитетот на сонот и позитивно влијае на здравјето.

Вишни

Кога и да сте во можност, уживајте во нивниот вкус. Посебно корисно е тоа што овие вкусни овошки содржат мелатонин и се одлични како лесна вечера за добар сон. Исто така, содржат и антиоксиданси кои го помагаат слабеењето.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 причини зошто е подобро да вежбате наутро.

Сподели: