Пилинзите се многу важни за вашата кожа. Со нив ќе избегнете појава на митесери, ќе ја подобрите циркулацијата и регенерацијата на клетките на кожата. Со повремени пилинзи и добар хидратантен крем, вашата кожа ќе изглед свежо и чисто. Погледнете ја нашата омилена листа на природни пилинзи за лице и тело.
Ви претставуваме неколку рецепти и козметички производи за природни пилинзи кои може да ви помогнат да ја подмладите и освежите кожата на лицето.
Домашен пилинг против црнки на лице
Се соочувате со црнки и чувствувате дека тоа ви прави притисок терајќи ве да се запрашате како да се ослободите од нив? Пробајте го овој ефективен пилинг со сода и сол кои ќе го исчистат вашето лице, а павлаката/јогуртот и овесот ќе го нахранат и ќе овозможат кожата да биде чиста, мазна и нежна. Состојките ги имате секојдневно во кујната, а трикот и умешноста како да ги искористите, може да ги прочитате тука.

Кафе
Кафето е идеален пилинг за вашата кожа кој директно ги потхранува и регенерира оштетените клетки, ја подобрува циркулацијата, ја хидрира и ја разубавува кожата. Помага во отстранување на целулит, егзема, акни и стрии
Претставува богата комбинација од кафе арабика, масло од кокос, сладок бадем, макадамија и сол од Мртво море.
Овие состојки вашата кожа ја прават:
- свиленкаста
- мека и нежна
- еластична и хидрирана
- со подобрена текстура и беспрекорно подмладена со блескав сјај
Пилинг од лимон и кафеав шеќер
Овој пилинг ја прави кожата мека и мазна, а за да го направите измешајте кафеав шеќер, кора од лимон и масло од гроздови семки. Пилингот е едноставен и ефикасен, ја чисти кожата и го враќа нејзиниот природен сјај.
Пилинг за тело од кокосово масло и зелен чај
Овој пилинг за тело е здрав, многу пријатно мириса и вашата кожа ќе ја направи чиста и свиленкасто мека, а што е најдобро можете да го направите сами дома! Препорачуваме овој пилинг да го користите само за тело, а поретко за лице. Подготовката и начинот на користење прочитајте ги тука.
Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници за убава кожа.