4 начини на кои Гарсинија Камбоџа помага за намалување на вишокот на килограми

Гарсинија Камбоџа е овошје кое наликува на мала тиква, а расте насекаде на светот, особено на Азискиот и Афричкиот континент. Луѓето со векови наназад користеле Гарсинија Камбоџа, а во последните години ја добила нејзината популарност како помошно средство за слабеење, кое е  лесно достапно во вид на екстракт.

Еве на кои 4 начини гарсинија камбоџа може да ви помогне при слабеење.

Ги топи мастите и го оневозможува нивното таложење

Екстрактот од гарсинија камбоџа го ограничува формирањето на мастите и нивното таложење во организмот. Во нејзиниот состав има хидроксицитринска киселина (HCA), која го помага варењето на храната и разложувањето на мастите. Исто така, оваа киселина го блокира ензимот кој го поттикнува создавањето на масти, па така се намалува можноста на организмот во формирањето и складирањето на мастите. Ги претвора мастите во гликоген кој е одличен извор на енергија за телото преку целиот ден.

гарсинија камбоџа

Го намалува апетитот

Многу од нас, јадат повеќе од колку што му е потребно на организмот. Така внесуваат повеќе калории, кои се претвораат во масни наслаги. Гарсинија камбоџа го намалува апетитот и прави чувство на заситеност. На овој начин, ве поттикнува да јадете помалку кога не сте гладни и го спречува емотивното прејадување.

Го подобрува расположението

Како природно средство за намалување на апетитот, гарсинијата помага за зголемување на нивото на серотонин, кој е познат како хормон на среќата. Често пати, при недостаток на серотонин, се јавува лошо расположение и потреба за консумација на слатка и калорична храна, која го зголемува неговото ниво. Кога нивото на серотонин е ниско, повеќе сме подложни на стрес и лошо однесување. Гарсинија камбоџа може да го зголеми нивото на серотонин, а да го намали кортизолот (хормон кој го зголемува стресот). Така се зголемува чувството на среќа и се спречува таложењето на масти, особено во пределот на струкот.

Други придобивки за здравјето

Покрај гореспоменатите, консумирањето на гарсинија камбоџа има и други придобивки за здравјето. Го намалува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќер во крвта. Го намалува „лошиот“ холестерол, преку намалување на липидите во крвотокот, а истовремено го зголемува нивото на „добриот“ холестерол. Исто така, го зајакнува и подобрува имуниот систем.

Ви предлагаме да прочитате: Овошен ладен чај за детоксикација и слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: