Таа е нашата омилена супер храна, а со своите состојки е најхранлива намирница на светот! Претходно пишувавме како може Hawaiian Spirulina во прав да се користи во исхраната на децата, а сега споделуваме уште 5 креативни начини за подготовка на јадења со спирулина. Гранлона, пуканки, хумус… прочитајте ги интересните начини за употреба на Hawaiian Spirulina во прав!
Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга!

Hawaiian Spirulina ги содржи:
- сите есенцијални амино киселини
- 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот
- 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци
- 5 пати повеќе калциум отколку млекото
- 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја
- 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.
Додајте Hawaiian Spirulina во енергетските плочки или гранола
Доколку сте во потрага по вкусни и хранливи оброци и грицки, тогаш енергетските плочки и гранолата се вистинскиот избор за вас. Но, ако сакате тие да бидат вистинска енергетска и протеинска „бомба“, тогаш покрај вообичаените состојки како лешници, ореви, семки, мед и житарки, додајте и малку спирулина во прав. Ако обожавате солени плочки, пробајте ги здравите солени бисквити со спирулина кои се наш избор кога ни се грицка нешто помеѓу оброците. Идеални се за децата како и за возрасните!
Пуканки со спирулина и зачини
Можеби звучи малку необично, но ова е уште еден совршен начин да ја искористите Hawaiian Spirulina во прав. Пуканките наросете ги со морска сол и спирулина, или направете некоја интересна комбинација со чили, пармезан или лук во прав. За најдобри резултати, додајте ги зачините и спирулината во прав додека пуканките се топли. Уживајте во зелените пуканки и омилениот филм.
Направете здрав вегански сладолед со спирулина
Како ви звучи идејата да направите домашен сладолед од мента или фстаци со интензивна зелена боја? Покрај тоа, сладоледот да е здрав, вегански и посен? Додајте ¼ лажичка спирулина во прав доколку сакате сладоледот да има суптилна зелена боја или ½ лажичка за поинтензивна нијанса. На тој начин омилениот леден десерт ќе биде нутритивно збогатен и многу похранлив.
Додајте спирулина во хумусот
Направте зелен и похранлив хумус со помош на Hawaiian Spirulina во прав! За да го приготвите потребни ви се варен наут, таан (тахини паста), сок од лимон, маслиново масло, лук и величествената Hawaiian Spirulina во прав. Деталната постапка за подготовка на хумус, погледнете ја тука.
Направете домашни зелени тестенини со спирулина
Доколку сакате да ја зголемите хранливата вредност на домашно подготвените тестенини, а покрај тоа да добите убава и примамлива зелена боја, ставите малку спирулина во прав. Исто така, може да направите и сос за тестенини со спирулина.
Овие креативни начини за употреба сигурно ќе ве мотивираат почесто да консумирате спирулина и да ја воведете во исхраната на децата. Експериментирајте во кујната, испробувајте ги рецептите и пронајдете ги вашите омилени идеи со спирулина во прав.
Како се дозира Hawaiian Spirulina во прав за деца и бебиња?
За мали деца може да им се дава 1/2 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав или по една таблета, 2-3 пати дневно. За бебиња додадете 1/2 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав во мала чаша со џус од овошје или зеленчук. Притоа, можете да ја давате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци. Ако ја консумирате редовно ќе забележите промена на енергетското ниво по 1-3 недели.

Освен во прав, Hawaiian Spirulina е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Може да ја набавите во поголемите аптеки или да ја посетите на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса со бесплатна достава. За подетални информации кликнете на следниов линк или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. А доколку имате прашања пишете ни на info@sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.
Најважно од сѐ е да ја консумирате почесто и да ги искористите придобивките кои ни ги нуди природата!
Ви предлагаме да прочитате: Исхрана на децата: 5 практични совети за употреба на спирулина во прав.
Следете ја sezahrana.mk на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.