Спирулина во прав

Исхрана на децата: 5 практични совети за употреба на спирулина во прав

Се нарекува супер храна и тоа со право! Hawaiian Spirulina е нашата омилена храна која има бројни здравствени придобивки. Достапна е во форма на таблети и прав кој се препорачува во исхраната на децата, како и повозрасните лица. Многу мајки имаат испратено прашања за употребата на Hawaiian Spirulina во прав, а тоа беше наша мотивација да ви ги презентираме најдобрите совети за употреба на спирулина во прав со кои ќе подготвите вкусни и здрави оброци за целото семејство.

Спирулината е храна која го подобрува севкупниот развој и раст на децата

Спирулината е најбогат хранлив извор на гама линоленската киселина која игра многу важна улога за растот и развојот на детето, балансирање на хормонскиот систем во организмот, како и хранење на мозокот и нервниот систем на детето. Таа не само што обезбедува важни витамини и минерали, исто така го зајакнува природниот имунитет на вашето дете, за да му помогне да биде отпорно на кашлици и настинки кои многу лесно се шират помеѓу децата. Сето ова потврдува дека спирулината е супер храна која ќе го подобри севкупниот развој и раст на вашето дете.

спирулина во прав

Направете вкусно зелено протеинско смути

Еден од најлесните начини да употребите спирулина во прав e да ја додадете во смути или свежо цеден сок. Доколку ви треба вкусен и проверен рецепт за смути со спирулина, погледнете некој од следниве рецепти:

Hawaiian Spirulina како додаток во сосови, преливи и дресинг за салати

Уште еден лесен начин да ја вклучите спирулината во исхраната е да ја додавате во сосови и преливи. Збогатете го вкусот на сосот така што ќе додадете и некои зачини по ваш вкус. А еден од омилените наши сосови е домашниот песто сос од босилек со спирулина. Ако децата обожаваат салата, направете им ја омилената и зачинете ја со зелен прелив. Така ќе ја збогатите салатата со хранливи состојки, а ќе добие и прекрасна боја.

Може да додадете спирулина во прав во супи и чорби

Може да додавате мала количина на спирулина во прав во супа или чорба од брокули, тиквички или спанаќ. Така тие ќе добијат поинтензивно зелена боја. Но, за да се зачуваат сите хранливи состојки од оваа супер храна, секогаш ставајте ја на крајот од готвењето.

Направете меки палачинки со спирулина

Никој не може да одолее на вкусните палачинки! Направете мала промена при подготовката и испечете зелени палачинки. Ем хранливи, ем ново гурманско изненадување за најмалите. Рецептот за вкусните палачинки со спирулина и овес може да го прочитате на тука.

Овесни палачинки со спирулина

Зачинете го омлетот со спирулина во прав

Можете да употребите спирулината во прав за да додадете малку боја и хранливи состојки на омлетот или пржените јајца. Едноставно додајте малку спирулина во матените јајца пред да ги готвите.

Како се дозира за деца и бебиња?

За мали деца може да им се дава 1/2 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав или по една таблета, 2-3 пати дневно. За бебиња додадете половина мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав во мала чаша со џус од овошје или зеленчук. Притоа, можете да ја давате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци. Ако ја консумирате редовно ќе забележите промена на енергетското ниво по 1-3 недели.

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. За подетални информации кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Чиа пудинг со кокос и спирулина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: